Свети Филип – манастирска црква на Ореховскиот манастир.

Историја Од натписот на ѕид од црквата се забележува дека таа била изградена во 1993 година од страна на Велика Митровска.„Паралово “. Мој Роден Крај.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на западната страна. Објектот во целост е обоен во бела боја и покриен со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров. Црквата има примитивна камбанарија којашто претставува метална конструкција покриена со лимен пирамидален кров.

Галерија

Поврзано Ореховски манастир Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Орехово Црква „Св. Никола“ - Долно Орехово Параклис „Св. Константин и Елена“ - Долно Орехово Долно Орехово Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Долно Орехово Долно Орехово