Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Долно Орехово.
Историја Црквата била изградена во 1850 година.„Долно Орехово “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Влезот се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставен Теодор Тирон. Објектот во целост е обоен во бела боја и покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и претставува примитивна конструкција којашто се состои од четири бетонски столбови над коишто има пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
Поврзано Ореховски манастир Црква „Св. Филип“ - Долно Орехово Црква „Св. Никола“ - Долно Орехово Параклис „Св. Константин и Елена“ - Долно Орехово Долно Орехово Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Долно Орехово Долно Орехово