За црквата во Егејска Македонија, погледајте „Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)“.

Свети Димитриј — главна селска црква во тиквешкото село Куманичево, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото, веднаш на самиот влез од земјениот пат кој води од селото Бојанчиште.

Историја

Нема точни податоци за времето на изградба, но истражувачот Војислав Радовановиќ запишал во 1920-тите дека црквата била подигната на место на стара црква која била срушена од страна на Турците.

На црквата постои спомен-плоча на која е запишано дека црквата се користела како магазин за време на НОБ од август 1943 до 30 мај 1945 година.

Архитектура

По архитектонскиот облик, црквата е трикорабна со дрвени таваници. Има отворени тремови на јужната и западната страна.

Фрескоживопис

Целата внатрешност на храмот е покриена со живопис. Најзабележителна е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“), насликана на јужниот и западниот ѕид во наосот на црквата.

Икони и иконостас

На иконостасот има натпис: „Сеи свети образи исписа Петре и сен его Глигор из Дебарску державу село Тресонче 1878“.

Галерија

Поврзано Куманичево Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија

Наводи

Надворешни врски

Куманичево Категорија:Дела на Дебарската школа