мини|Магнус Норман во 2013 Магнус Норман (роден на 30 мај 1976 година) е шведски тениски тренер и пензиониран професионален тенисер. Тој го достигнал највисокиот пласман во својата кариерата според Здружението на тениски професионалци (АТП) тоа е светскиот рекет број 2 во поединечна конкуренција. Овој резултат го имал на 12 јуни 2000 година. Најдобрите моменти во неговата кариера се оние кога тој стигнал до финалето на Гренд слем Отвореното првенство на Франција Ролан Гарос во 2000 година (поразен бил од Густаво Куертен), и освојувањето на титулата на АТП Мастерс турнирот во Рим во 2000 година (тогаш во финалето бил поразен тенисерот Куертен).

Норман е сопственик на тениската академија „Добро до одлично“. Меѓу неговите ученици кои ја посетувале се Стен Вавринка, Гаел Монфис и бугаринот Григор Димитров. Тој, исто така, играл спорт кој наречен бенди,кој го играл во младоста пред да одлучи да се концентрира на тенисот.

Тениска кариера Норман станал професионалец во 1995 година кога имал само 19 години. Неговата кариера била прекината кога се повредил токму во времето кога бил на врвот од својата кариера во 2000 година. Тогаш тој стигнал до полуфиналето на Австралија опен и финалето на Отвореното првенство на Франција, како и титулата на Мастерсот на турнирот во Рим и неколку други титули освоени претходно во текот на сезоната. Тој бил на прагот да стане светски тренисер број 1. Неговиот последен натпревар го одиграл во септември 2003 година од кога и се повлекол на еден турнир во третото коло играјќи против Јиржи Новак. Тој се повлекол од тенисот поради сериозни повреди во делот на колкот и на коленото. Тоа го сторил во 2004 година кога имал само 27 години и се натпреварувал нешто повеќе од 8 години на АТП турнирите.

Јуниори Како јуниор и помлад тенисер Норман постигнал добар резултат во поединечна конкуренција и тоа сооднос на победи-порази од 46:24.

Професионална играчка кариера

1995; 1996 и 1997 година Во јуни 1995 Норман го направил своето прво достигнување на турнирите стигнувајќи до четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција. Неговиот најзабележителен натпревар на турнирот бил неговиот натпревар од третото коло против светскиот рекет број 1 Пит Сампрас, кога Норман бил воодушевен победувајќи го фаворизираниот американец во четири сета. Потоа тој го победил поранешниот полуфиналист на турнирот, но и олимписки освојувач на златен медал Марк Росет во 4 сета. На крајот Норман загубил од белгискиот квалификант на турнирот Филип Девулф во четири сета. Како резултат на оваа добра серија, Норман за прв пат во кариерата се пробил во Топ 50 светски играчи. Еден месец подоцна на Вимблдон, тој го вчудовидел тенискиот свет откако го победил вториот носител и двократниот финалист како и двократниот полуфиналист Горан Иванишевиќ во пет сета во второто коло на турнирот. Петтиот сет завршил со резултат од 14:12. Една седмица подоцна, Норман ја освоил својата прва титула на АТП турнирот во Баштад на Шведскиот опен, победувајќи го шпанецот Хуан Антонио Марин. Во октомври стигнал до уште едно финале овој пат во градот Острава во Чешка, но морал да се откаже ( поради повреда) откако го загубил првиот сет за помалку од половина час. Тој ја завршил годината како светски рекет број 22.

1998 година Поради неправилно чукање на срцето Норман бил подложен на корективна операција на срцето, поточно на срцевиот залисток во 1998 година. Во текот на годината тој имал клучна улога во победата во Дејвис купот за тимот Шведска, која била последната титула на Шведска до ден денес.

1999 и 2000 година Норман доживеал огромен успех во првата половина од 1999 година кога стигнал до полуфиналето на Австралија опен, потоа и освојувањето на Мастерсот во Рим, победувајќи го Густаво Куертен од Бразил во 4 сета како и играњето во финалето на Отвореното првенство на Франција, каде ги победил Тиери Гвардиола, Фабрис Санторо, Саргис Саргсијан, Андриј Медведев, Марат Сафин и Франко Сквилари пред да загуби од Густаво Куертен во финалето. Ако го победел бразилецот во тој натпревар Норман ќе станел првиот швеѓанец по неговиот идол Стефан Едберг кој се искачил на светската позиција број 1. Поразот, исто така, ја прекинал неговата серија од победи во 8 последователни финалиња кои траеле од 1998 година.

Неговиот пад во играта и во кариерата започнал поради постојаните тешки повреди во колковите и колената. Тоа се случувало кон крајот на 2000 година по Олимписките игри во Сиднеј. На олимписките игри тој загубил во третото коло од Французинот Арно ди Пасквал (ди Пасквал продолжил на турнирот сè до освојувањењто на третото место и бронзениот медал).

Во 1999 и 2000 година, Норман освоил вкупно 10 титули, што биле повеќе од било кој друг играч од АТП листата во тој период.

2001; 2002; 2003; 2004 година

По пензионирањето (крајот на кариерата) Откако се пензионирал како играч тој чувствувал горчина затоа што имал само 27 години и бил релативно многу млад. Норман решил да помине извесно време далеку од тенисот. Бил гневен и изговорил дека: „Не гледал тенис, ниту зел рекет во рака“. Во 2005 година работел и бил активен во Управен одбор на Шведската тениска федерација, а извесно време работел и со шведскиот тениски јуниорски тим. Помеѓу 2006 и 2008 година студирал маркетинг и економија на бизнис школата ИХМ во Стокхолм. Во исто време работел и во институцијата Катела Фонд Менаџмент.

Норман постепено сфатил дека има уште многу да му подари на тенисот, но бил опортун и велел дека навистина е добро да биде извесно време далеку од тенисот, да придобива нови пријатели и да се развива како личност надвор од тенискиот свет. И поради неговата трагична кариера во смисла на повредите, Норман рекол дека сепак чувствувал дека сè уште има што да докажува и постигнува во однос на тенисот, дека сепак „оставил нешто на масата како неизбришлива трага“. Со оваа мотивација, тој решил подоцна уште еднаш да проба да се занимава со тенис. Тој започнал да работи со поранешниот партнер во двојки Томас Јохансон и тоа во последните моменти од неговата кариера.За време на неговиот одмор во 2008 година, работел како тренер на шведскиот олимписки тениски тим. Тој го предводел шведскиот тим до сребрениот медал во машки двојки на олимпијадата во Пекинг (Јохансон и Симон Аспелин).

Тренирање Норман постепено си изградил репутација како еден од најголемите и најпочитуваните тениски тренери ширум светот. Норман целосно ја напуштил Катела за да започне да го тренира својот колега, швеѓанецот Робин Седерлинг, кој под негова палка успеал да стигне до неколку финалиња и тоа на Грен слем финалето на Отвореното првенство на Франција во 2009 и 2010 година, а потоа го освоил и Мастерсот во Париз во 2010 година. Норман како тренер заедно со Седерлинг како играч се квалификувале во финалето на светскиот АТП турнир. За тие две години и Седерлинг стигнал до светскиот рекет број 4. По ова Норман и Седерлинг се разделиле некаде до крајот на сезоната 2010. Норман одлучил дека во иднина своето слободно време сакал да го поминува повеќе со своето семејство и дека на Седерлинг му требало тренер со полно работно време. Седерлинг ја усвоил препораката на Норман за нов тренер. Седерлинг бил на дофат на уште една добра сезона пред повредите и мононуклеозата да му ја завршат неговата кариера, и тоа само 7 месеци по заминувањето на Норман. Во тој периодот бил рангиран на 5то место во светот и штотуку освоил 2 последователни титули со вкупно 10 победи. Во полуфиналињата и финалиињата загубил само 5 гемови.

Норман подоцна бил посакуван тренер од неколку истакнати играчи на турнири. Норман ги одбил барањата на тенисерите бидејќи сè уште му требало повеќе време да минува со своето семејство, а и штотуку започнал да создава нова тениска академија за која му требало голема посветеност, наречена Тениска академија. Тоа била академијата „Добро до одлично“ формирана во 2011 година заедно со колегите и поранешни шведски тенисери Микаел Тилстром и Никлас Култи.

Тој на крајот сепак одлучил да биде тренер на Стен Вавринка почнувајќи да работи со него од сезоната 2013. Норман заедно со тенисерот Вавринка како тренер ги има освоено Отвореното првенство на Австралија во 2014, Отвореното првенство на Франција во 2015 година и Отвореното првенство на САД во 2016 година,потоа титула на АТП Светскиот Мастерс куп 1000 во Монте Карло 2014 година и првата титула во Дејвис купот на Швајцарија во 2014 година. Во тој период овој двоец успеал да ги победи големите играчи како Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ како и можеби најголемиот на сите времиња сонародникот на Вавринка (Роџер Федере)). Стен во тој момент бил светски рекет број 3. Како признание на сите овие достигнувања, Норман ја освоил инаугуративната награда за тренер на годината на АТП во 2016 година.

Стил на играње Магнус Норман бил познат како еден од најмоќните и најсилните спортисти на турнирите. Дополнително тој бил познат по својата работна етика и перфекционизмот на теренот. Во претходните фази од кариерата тој играл тенис со стилот сервис па волеј, под влијание на неговиот идол Стефан Едберг, но подоцна почнал да користи агресивна игра од основната линија. Норман поседувал многу опасен форхенд удар и честопати ги користел своите удари на земјените терени за да постигне успех во играта. Норман исто така можел да практикува одлично темпо со неговиот рамен бекхенд удар со две раце. Тој, исто така, користел ниски удари со многу слајс во нив, па така и повремено излегувал на мрежата.

Норман исто така бил еден од играчите со најсилна ментална игра на сите времиња. Еден од најдобрите прикази било финалето на Отвореното првенство на Франција во 2000 година, кога Норман спасил 10 натпревар поени пред да го победи Густаво Куертен во тај-брејкот од четвртиот сет.

Личен живот Норман почнал да игра тенис на 8-годишна возраст кога неговата баба му подарила рекет за роденден. Тој е најстарото дете во семејството на татко му Леиф (кој играл бенди во шведската втора лига) и мајка му Леена (која била пливачка во шведската репрезентација). Тој имал помлад брат со име Маркус, кој исто како татко им играл бенди спорт, но бил и генерален секретар на Шведската асоцијација за бенди спорт.

Тој накратко бил во врска со швајцарската тениска шампионка Мартина Хингис.

Значајни финалиња

Гренд слем финалиња

Сингл: 1 (1 второпласиран) Резултат Година Првенство Површина Противник Резултат Пораз 2000 година Франција опен Земја Густаво Куертен 2–6, 3–6, 6–2, 6–7 (6–8)

Финале на Мастерс серијата

Сингл: 1 (1 титула) Резултат Година Турнир Површина Противник Резултат Победи 2000 година Мастерс во Рим Земја Густаво Куертен 6–3, 4–6, 6–4, 6–4

Финале во кариерата

Поединечна конкуренција: 18 (12 титули, 6 порази) Легенда Гренд слем турнири (0–1) Мастерс куп во тенис (0–0) Мастерс серии на АТП (1–0) Златна меѓународна серија на АТП (1–1) Меѓународна серија на АТП (10–3) Површина Тврда (5-3) Трева (0-0) Земја (7-2) Тепих-синтелон (0–1)

Двојки: 1 (1 второпласиран)

Временска рамка за изведба

Слободни