Тринидад (шпан. Trinidad), нас. 71.776 жители (1998), е град во покраината Санкти Спиритус во централна Куба. Заедно со блиската Долина на Шеќераните е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 г.

Историја Тринидад е основан во 1514 од Диего Веласкес де Куељар под името Вила Де ла Сантисима Тринидад. Ова е меѓу најдобро зачуваните градови на Карибите од времето кога шеќерната трска била главна стопанска гранка.

Стопанство Денес најважната стопанска гранка е тутунарството. Најстарите маала се добро зачувани бидејќи заради добриот туризам. За разлика од ова, некои маала кои не се туристички се многу трошни и запоставени, особено во центарот.

Надвор од градот се протега полуостровот Анкон, со долга песоклива плажа (Плаја Анкон) и неколку одморалишта. Анкон е едно од првите одморалишта во Куба направени по револуцијата од 1959 г.

Атракции Плаза Мајор Музеј на општинска историја Катедрала Сантисима Тринидад (Пресвета Троица)

Занимливости По градот е именувана марката на пури „Тринидад“.

Надворешни врски Портал на градот Тринидад

Категорија:Градови во Куба Категорија:Светско наследство во Куба Категорија:Санкти Спиритус (покраина) Категорија:Населени места основани во 1514 година