Орденот за воени заслуги — високо воено одличие на Република Македонија кое се доделува за храброст и воопшто, истакната служба на воен план.
Особености Има основна медалјонска форма со димензии од 65мм. Медалјонот има облик на осмокрака ѕвезда, чии краци се спојуваат во круг кој го сочинува мотото -за татковината и знамето на Република Македонија. Околу краците на ѕвездата има венец од дабови гранки. Над орденскиот знак има карика од вкрстени мечеви со апликација на дабов лист. Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента со која се носи на врат.
Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериум Орденот за воени заслуги се доделува на:
на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката; за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката; на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија. Добитници 2005 – Баталјон за специјални намени „Волци“ 2007 – Прва механизирана пешадиска бригада ЗОК на АРМ 2007 – Втора механизирана пешадиска бригада ЗОК на АРМ 2012 – генерал-потполковник Митре Арсовски 2012 – Воената академија на Република Турција 2012 – Националната гарда на Вермонт, САД 2012 – Баталјонот за специјални намени од Одредот за специјални намени на АРМ 2016 – Единица за брзо распоредување „ЕБР“ http://vesti.mk/read/news/8962667/3222056/odlikuvanja-za-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-na-mvr 2016 – Единица за специјални задачи „Тигар“ http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html 2016 – Баталјон на Воена полиција при Армијата на Република Македонија 2016 – Инженерски баталјон при Армијата на Република Македонија 2016 – Оддел за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи 2016 – Единица за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи 2017 – Команда за обука и доктрини на АРМ http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4537-n18082017.html 2017 – Баталјонот за почести на АРМ 2017 – Четврт механизиран пешадиски батајлон на АРМ 2018 – Прв Механизиран пешадиски баталјон при АРМ 2018 – Баталјонот за врски при при АРМ
Категорија:Македонски ордени и одликувања Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија