мини|Кенет Андерсон Бернт Кенет Андерсон (6 октомври 1967 година) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.
Започнувајќи ја својата кариера со ИФК Ескилстуна во средината на 1980те, тој продолжил да игра фудбал професионално во Шведска, Белгија, Франција, Италија и Турција пред да се пензионира во 2002 година.
Како репрезентативец помеѓу 1990 и 2000 година, Бернт одиграл 83 натпревари, а постигна 31 гол за репрезентацијата на Шведска и бил клучен член на тимот на Шведска која во 1994 година завршила на третото место на Светското првенство во фудбал во Соединетите Амарикамски Држави. Исто така ја претставувал Шведска на УЕФА ЕВРО1992 и 2000 година.
Клупска кариера Андерсон е роден во Ескилстуна. На клупско ниво, тој играл за следните клубови: Тунафорс СК (1976–1981), Ескилстуна (1982–88), Гетеборг (1988–91), Мехелен- Белгија (1991–92), Норшепинг (1993), Лил-Франција (1993–94), Каен-Франнција ( 1994–95), Бари-Италија(1995–96), Болоња-Италија(1996–99 и 1999–2000), Лацио-Италија(1999), Фенербахче-Турција(2000–02) и Герда БК (2005).
Меѓународна кариера За Шведска, Андерсон одиграл 83 натпревари и постигнал 31 гол каде во двете статистички вредности се наоѓал на врвот од шведската фудбалска националната историја. Играл на Европските првенства во 1992 и 2000 година. Тој го предводел шведскиот тим на Светското првенство во 1994 година, постигнувајќи 5 гола, со што бил на делба на третото место на фудбалскиот турнир. Неговата физичка големина му давала предност во воздухот, а на овој турнир станал познат по тоа што ги надскокнувал противничките одбранбени играчи и така ги постигнувал своите голови со глава. Во четвртфиналето кога Шведска победила против Романија, тој постигнал гол со глава и притоа успеал да го надскока дури и противничкиот голман Стелаеа.
Стил на игра Андерсон важел за еден од напаѓачите на неговата генерација од врвна класа. Висок, атлетски и физички силен напаѓач, кој бил расен стрелец, и покрај недостатокот на темпо во играта или забележителни технички недостатоци во фудбалската вештина, тој бил познат по својата игра со грб свртен кон противничкиот гол, а особено неговите одлични способности за висок скок во воздухот, кои му овозможувале да постигнува голови со глава и да се насочува кон долгите топки за да им помага на соиграчите. Поради неговиот стил на игра тој во текот на неговата кариера често бил нарекуван „старомоден“ центарфор. Телевизијата Би-Би-Си го опишала Андерсон како „еден од најголемите напаѓачи во светот во воздушна игра“, додавајќи дека „неговите воздушни способности се надополнети со доста пристојни проигрувања и несебична игра за поддршка на целиот тим што им овозможувало на другите напаѓачи во тимот да бидат среќни и да играат добра игра“. Во врска со неговата воздушна моќ, Карло Анчелоти го опишал како „практично невозможно“ да се задржи и да се оневозмои во воздушната игра.
Статистика во кариерата
Меѓународна Настапи и голови во репрезентација и по години. Репрезентација Сезона Натпревари Голови Шведска 1990 година 4 1 1991 година 8 5 1992 година 6 4 1993 година 0 0 1994 година 17 7 1995 година 10 5 1996 година 8 3 1997 година 9 4 1998 година 3 1 1999 година 8 1 2000 година 10 0 Вкупно 83 31 Меѓународни голови
Резултатите 1 се головите на тимот, а резултатите 2 го наведуваат бројот на голови за Шведска постинати од Андерсон.
#ДатаЛокацијаПротивникРезултатРезултатНатпревари1. 26 септември 1990Стадион Ресунда, Солна, Шведска2–02–0Пријателски натпревар2. 1 мај 1991 Стадион Ресунда, Солна, Шведска1–06–0Пријателски натпревар3.2–04.6–05.5 јуни 1991Стадион Ресунда, Солна, Шведска2–22–2Пријателски натпревар6.15 June 1991Идротспаркен, Норшепинг, Шведска3–04–0Сканија 100 турнир7.22 април 1992Стаде Ел Мензах, Тунис, Тунис1–01–0Пријателски натпревар8.7 мај 1992Стадион Ресунда, Солна, Шведска1–05–0Пријателски натпревар9.2–010.21 јуни 1992Стадион Ресунда, Солна, Шведска2–32–3Европско првенство УЕФА 199211.20 февруари 1994Стадион Џо Роби, Мајами, Флорида, САД2–13–1Џо Роби Куп12.28 јуни 1994Понтијак Силвердом,Понтијак, Мичиген, САД1–01–1Светско првенство ФИФА1994 во САД 13.3 јули 1994Котон Боул, Далас, Тексас, САД2–03–1Светско првенство ФИФА1994 во САД14.3–115.10 јули 1994Стадион Стенфорд, Стенфорд, Калифорнија, САД2–22–2(5–4 p)Светско првенство ФИФА1994 во САД16.16 јули 1994Роуз Боул, Пасадена, Калифорнија, САД4–04–0Светско првенство ФИФА1994 во САД17.12 октомври 1994Стадион Ванкдорф, Берн, Швајцарија1–02–4УЕФА 1996 ЕВРО квалификации18.8 март 1995Стадион Цирион, Лимасол, Кипар2–23–3Пријателски натпревар19.29 март 1995Стадион Инону, Истанбул, Турција1–01–2УЕФА 1996 ЕВРО квалификации20.8 јуни 1995Еланд Роуд, Лидс, Англија3–13–3Умбро Куп21.10 јуни 1995Сити Граунд, Нотингем, Англија1–12–2Умбро Куп22.2–123.1 јуни 1996Стадион Ресунда, Солна, Шведска1–05–1Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство24.3–025.1 септември 1996Стадион Даугава, Рига,Латвија2–02–1Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство26.30 април 1997Улеви, Гетеборг, Шведска1–02–1Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство27.2–028.8 јуни 1997Стадион Кадриорг, Талин, Естонија3–03–2Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство29.20 август 1997Стадион Динамо, Минск, Белорусија1–12–1Квалификации за ФИФА 1998 светско првенство30.2 јуни 1998Улеви, Гетеборг, Шведска1–01–0Пријателски натпревар31.9 октомври 1999Стадион Ресунда, Солна, Шведска1–02–0 Квалификации за ЕВРО 2000 година
Освоени почести ИФК Гетеборг
Алсвенскан : 1990, 1991 година (шампион во шведско првенство) Свенска Купен: 1990–91 победник во шведскиот куп)
Болоња
Куп на УЕФА Интертото: 1998 година (поедник во Интертото купот)
Лацио
Серија А: 1999-2000 (шампион на Италија) Суперкуп на УЕФА: 1999 година (победа во суперкупот)
Фенербахче
Супер лига: 2000–01 (победа со Фенербахче во турската супер лига)
Шведска
Трето место на Светскиот првенство на ФИФА : 1994 година во САД
Индивидуален
Алсвенскан најдобар стрелец: 1991 година (во шведската прва лига) Бронзена копачка на Светскиот куп на ФИФА: 1994 година во САД (трето место за најдобар стрелец со 5 постинати голови)
Наводи Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Мехелен Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година