200px|thumb|right|Грб на МПЦ-ОА. Архиепископ Охридски и Македонски — титула која е дадена на поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Поглаварот на МПЦ, покрај оваа официјална титула, ја носи и титулата Господин Господин и најчесто следи веднаш по официјалната титула и е во вид на кратенка. Така, при формално обраќање, сегашниот поглавар на МПЦ се именува како Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. При неформално обраќање, официјалната титула се изоставува и кон поглаварот се обраќа со титулата Неговото блаженство, па така имаме Неговото блаженство г. г. Стефан.
Историја Термините „архиепископ“ и „Охридски“ се однесуваат на средновековната македонска црква Охридска архиепископија, каде МПЦ се смета за директен наследник на истата. Во средновековието, архипископите на Охридската архиепископија се именувале како Охридски архиепископ. По возобновувањето на истата во лицето на МПЦ, се додал и зборот „Македонска“.
Архиепископи
#ПоглаварСликаИмеКрстено имеДатум и место на раѓањеВозраст на почеток/крај на поглаварствотоБелешки14 октомври 1958 – 20 мај 1981105x105пксДоситеј IIДимитар Стојковски7 декември 1906 Маврово, Гостиварско, Отоманско Царство51 / 74 Прв архиепископ на возобнената Македонска православна црква - Охридска Архиепископија и, според МПЦ-ОА, наследник на Арсениј II. Под негово раководство, на Третиот црковно - народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, МПЦ-ОА е прогласена за автокефална црква.218 август 1981 – 15 јули 1986106x106пксАнгеларијЦветко Крстески25 март 1911 Долнени, Прилепско, Отоманско Царство70 / 75 г.г. Ангелариј загинал во сообраќајна несреќа во Дреновската клисура.34 октомври 1986 – 9 јуни 199395x95пксГаврил IIЃорѓи Милошев17 април 1912 Скопје, Отоманско Царство74 / 81 (†83) Архиепископот ја обновил древната традиција на фрлање крст во реката Вардар. Во 1990 година, го промовирал капиталното дело македонскиот превод од Библијата. Прв архиепископ кој раководел со МПЦ-ОА во Република Македонија. Се повлекол од престолот во 1993 година поради старост.421 декември 1993 – 6 јуни 1999128x128пксМихаилМетоди Гогов20 мај 1912 Ново Село, Штипско, Отоманско Царство81 / 87 Со 81 година, г.г. Михаил е најстариот архиреј кој станал архиепископ на МПЦ-ОА, како и архиепископ со најдолг животен век. Прв архиепископ кој е избран во Република Македонија. Му било понудено местото претседател на Република Македонија.510 октомври 1999 – денес100x100пксСтефанСтојан Вељановски1 мај 1955 Добрушево, Битолско, НР Македонија44 Со 44 години, г.г. Стефан е најмладиот архиреј кој станал архиепископ на МПЦ-ОА, како и архиепископ со најдолго владеење со МПЦ-ОА. Прв архиепископ на автокефална МПЦ-ОА. Прв архиреј кој е роден во слободна Македонија.
Временска линија
Поврзано Охридска архиепископија Македонска православна црква - Охридска архиепископија Список на архиепископи на македонската и охридската архиепископија
Категорија:Архиепископи на МПЦ Категорија:Македонска православна црква - Охридска архиепископија