Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000.Demographia: World Urban Areas 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона.United Nations - Department of Economic and Social Affairs: World Urbanization Prospects (2007 revision), Table A.12Organization for Economic Cooperation and Development: Competitive Cities in the Global Economy, OECD Territorial Reviews, (OECD Publishing, 2006), Table 1.1Àmbit Metropolità. Sèrie temporal (catalan) Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 км2 (со густина на населеност 5010 жители на км2).
Таа се наоѓа на средоземниот брег () во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).
Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија. Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што честопати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.
Имиња Името Барселона доаѓа од старо грчки: Βαρκινών;Emerita: Revista de Lingüística y Filología clasica 11 (1943), p.468 латински: Barcino, BarceloPtolemy, ii. 6. § 8 и Barceno.Avienus Or. Mar., and Barceno.Itin. Ant. Во текот на средниот век, градот имал различни имиња, како на пример Barchinona, Barçalona, Barchelona, и Barchenona.
Историја Постојат две легенди за создавањето на Барселона. Првата легенда се заснова врз тоа дека градот бил основан од Херкул 400 години пред да се изгради Рим, а потоа бил повторно обновен од Картаѓинецот Хамилкар Барса, таткото на Ханибал, кој го нарекол Barcino по неговото семејство, во III век п.н.е. Втората легенда го поврзува основањето на градот директно со Хамилкар Барса.Oros. vii. 143; Miñano, Diccion. vol. i. p. 391; Auson. Epist. xxiv. 68, 69, Punica Barcino.
Околу 15 в.п.н.е, Римјаните повторно го издигнале градот како каструм ( римски воен камп) чие централно место се наоѓало на „Монс Табер“, ритче блиску до денешната општинска зграда ( Пласа де Сант Жом). За време на римското владеење Барселона била колонија наречена според презимето ФавентиаPlin. iii. 3. s. 4 , или целосно Колонија Фавентиа Јулиа Аугуста Пиа БарсиноInscr. ap. Gruter, p. 426, nos. 5, 6. или Колониа Јулиа Аугуста Патерна Барсино. Мела ii. 6 ја спомнува како помал град во областа, веројатно поради тоа што била скриена од соседот Торако (денес Тарагона), но од подоцнежните писатели може да се види дека постепено се збогатувала и го зајакнувала своето влијание. Голема улога за нејзиното зајакнување имала добрата положба и одличното пристаниште.Avien. Ora Maritima. 520: "Et Barcilonum amoena sedes ditium." Барселона уживала имунитет од империски рамки.Paul. Dig. 1. tit. 15, de Cens. Градот издавал сопствени монети. Некои монети од времето на Галба преживеале.
Неколку значајни римски остатоци се изложени под Пласа дел Реи, на влезот од градскиот музеј Музеу Хисториа де ла Сиутат (Museu d'Història de la Ciutat), и типичниот римски план е видлив во надворешниот изглед на историскиот центар, Бари Готик. Некои остатоци од римските ѕидови биле дел од Катедралата. Катедралата, исто така позната како Базилика Ла Сеу се смета дека е основана во 343 г.п.н.е. Градот бил освоен од Визготите во раниот V век, од Маврите во раниот VIII век, повторно освоен во 801 година од синот на Карло Велики, Луи, кој ја претворил Барселона во седиште на лозата Карлинги : „Марка Испаника“ тампон-зона раководена од грофот на Барселона.
Контовите на Барселона станале значително независни и ја прошриле својата територија притоа вклучувајќи ја цела Каталонија. Во 1137 година, Арагон и областа Барселона се споиле преку династичко обединување El Tall dels Temps, 14. (Palma de) Mallorca: El Tall, 1996. ISBN 84-96019-28-4. 127pp. односно со бракот помеѓу Рамон Беренгер IV и Петрониља Арагонска. Титулите на нивните фамилии се споиле во едно со раѓањето на нивниот син Алфонсо II. Тој го наследил престолот во 1162 година. Неговите територии подоцна ќе бидат познати како Круната на Арагон, под чие водство биле освоени многу прекуокеански области. Во XIII век ова кралство владеело со западниот дел на Средоземното Море, од далечните територии Непал и Сицилија па сè до Атина. Измамата за династичка поврзаност помеѓу Круната на Арагон и Кастиља го одбележал почетокот на падот на Барселона.
Географија thumb|250px|right|Поглед на Барселона од Вселената Барселона се наоѓа на северно- источниот брег на Пиринејскиот Полуостров и е отворена кон Средоземното Море. Таа е сместена на висорамнина со широчина од 5км, од страните заобиколена со планинскиот венец Колсерола (Collserola), реката Џобрегат (Llobregat) од југозапад, и реката Бесос (Besòs) од север. Оваа висорамнина изнесува , од кои 101 км2 се зафатени од самиот град. Барселона се наоѓа 160 км јужно од Пиринеите и каталонската граница со Франција.
Колсерола е дел од крајбрежниот планински венец, кој го штити градот од северозапад. Неговата највисока точка е врвот Тибидабо ( Tibidabo), со височина од , од кој се гледа целиот град, а на него се наоѓа телекомуникациската кула, која се гледа од секој дел на градот, Торе де Колсерола (Torre de Collserola,) со височина од . Барселона е испрскана од мали ритчиња, поголемиот дел од нив се урбанизирани области и им го дале името на населбите изградени на нив, како што се Кармел (Carmel), (Путхет) и Ровира (261 м). Ридот Мунжуик висок (173 м),сместен на југозапад, се наѕира над пристаништето, а на неговиот врв се наоѓа замокот Мунжуик, тврдина која била изградена во периодот од XVII-XVIII век за да го контролира градот, како замена за градско кале. Денес, тврдината е музеј,а Мунжуик е дом на неколку културни и спортски места,овде се сместени и најголемите паркови и градини на Барселона.
Границите на градот се простираат од Санта Кулома да Граманет и Сан Адрија де Бесос на север, Луспиталет да Љубрагат и Асплугес де Љубрагат на југ, Средоземното Море на исток, Монткада и Реихак со Сан Кугат дел Ваљес на запад.
Клима
Барселона има средоземна клима, со субсредоземно влијание. Што значи дека ова не е класична средоземна клима, со умерени, влажни зими и топли суви лета. Барселона е сместена на источниот брег на Пиринејскиот Полуостров, па така западните ветрови од Атлантскиот Океан често пристигнуваат во Барселона со мала влажност, без дождови. Близината на Атлантскиот Океан, нејзината надморска височина и релјеф се причините поради кои летата не се премногу суви како во поголем дел од другите Средоземни базени. Падовите (не површинските падови, туку атмосферските студени инвазии) може лесно да влијаат врз областа на Барселона (и Каталонија), предизвикувајќи бури, особено во август. Понекогаш почетокот на јуни е сè уште студен и врнежлив, како април и мај кои заедно со август, септември, октомври и ноември се највлажните месеци во годината. Најсуви се јули,февруари,март и јуни. Како во многу делови од Каталонија, времето во текот на годината може да биде навистина различно од година на година.
Така, просечно земено, дождливи годишни времиња се пролетта и есента, а суви се зимата и летото. Редот од највлажни кон најсуви е следниот: есен, пролет,зима, лето. Западната средоземна клима е една од најнередовните клими во светот. На пример, во една година октомври може да биде многу сув, додека јули и февруари да бидат влажни месеци. Барселона и Лондон имаат исто годишно ниво на врнежи,но климата во Лондон не е толку променлива и бурна како во Барселона.
Што се однесува до температурите, декември, јануари и февруари се најстудените месеци, со температури од 9 °C на аеродром и повеќе од 10 °C во градот. Јули и август се најтоплите месеци, со просечни температури од 24 °C. Највисоката температура забележана во центарот на градот е 38,6 °C. Додека пак, најниската забележана температура била –6,7 °C на 11 февруари 1956 година и –5 °C на 12 јануари 1985 година. Сепак, во XIX век, била измерена температура од –9,6 °C во јануари 1896 година.
Во опсерваторијата Фабра, која се наоѓа на ридот Тибидабо на 412 метри надморска височина, највисоката измерена температура е 39,8 °C (103.6 °F) од 7 јули 1982 година, додека најниската регистрирана температура била -10,0° на 11 февруари 1956 година.Во близина на аеродромот и на ридовите, годишните врнежи достигнуваат 650 мм, а во центарот на градот околу 600 мм.
Врнежите од снег и ноќните замрзнувања се случуваат речиси секоја година. Врнежите од снег ретко предизвикуваат прекини во сообраќајот. Сепак, градот има доживеано тешки врнежи од снег, како на пример на Божиќ 1962 година, кога голема виулица го зафати градот, со 50 cm од снежни падови во градот и најмалку 1 метар на ридовите. Но, според нови извори, најголемата снежна бура се случила во 1887 година, со снежна покривка од 50 cm. Третата најтешка снежна бура се случила во декември 1993 година, со 30 cm снег на ридот Мунжуик. Најнеодамнешните се случиле на 27 јануари 2006 година, 28 февруари 2005, 29 февруари 2004, 18 февруари 2003 и 14 декември 2001 година.
Бурите кои обично достигнуваат сериозни граници, се присутни од средината на август до ноември. Најнеодамнешната голема летна бура се случила на 31 јули 2002 година , кога повеќе од 200 мм дожд бил забележан од страна на некои обсерваотрии.
И покрај тоа што Барселона нормално не е ветровит град, таа е зафатена од морски ветрови од мај/јуни до септември и со ветрови од запад и северозапад во зима. Источните силни ветрови понекогаш предизвикуваат поплави на брегот. Источните и североисточните ветрови можат да надминат 100 км/ч. Во зима, Барселона е понекогаш зафатена со трамонтани или мистрални ветрови - како и другите места во североисточниот дел на Средоземното Море.
И покрај тоа што Барселона е главно сончев град, сепак не се ретки ни појавите на магла и облачно време. Морската магла е честа, особено во рана пролет, кога првите топли, воздушни маси од Африка доаѓаат врз студената морска вода. Облачните денови се најчести од април до октомври / ноември.
Преглед Паркови
Барселона има 68 општински паркови, од кое 12 се историски, 5 се тематски (ботанички) паркови, 45 се урбани паркови и 6 се шумски паркови. Тие варираат од мали паркчиња до големи рекреативни области. Само урбаните паркови покриваат 10% од градската површина(549.7 хектари/1,358.3 акри). Вкупната површина на парковите се зголемува годишно за околу 10 хектари (25 акри) со во однос од 18.1 метар квадратен (195 квадратни стапки) површина парк по жител.