Вознесение Христово (или Св. Спас) — средновековна православна црква во штипската приградска населба Ново Село. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Црквата се наоѓа на левата страна на реката Отиња, во источниот дел на Ново Село, на 1 км од средиштето на Штип кој се наоѓа на исток.
Особености Претставува еднокорабен храм за кој се смета дека е подигнат од војводата Димитрија во 1369 година. Првобитниот живопис на црквата не е зачуван. Според грчкиот натпис, таа одново е насликана во 1601 г. од зографот Јован во стил на Линотопската школа. Ова второ живописување траело од 13 мај до 6 јули 1601 г., а во ктиторскиот натпис се споменати епископот Руфим, свештеникот Дојко и ктиторот Павле Мутавџија.
Галерија
Поврзано Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво
Наводи
Книги Расолкоска-Николовска, Загорка. Археолошки истражувања на црквата Вознесение-Св. Спас во Штип, Зборник на Штипски народен музеј III, Штип, 1964, 125-139.
Надворешни врски
Слика од црквата Службена мрежна страница на Брегалничката епархија
Категорија:Цркви во Штип Ново Село Штип Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Штип Категорија:Дела на Линотопската школа