Св. Прохор Пчински — црква во градот Свети Николе. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во 1847 година под името Свети Никола и претставува изворната црква со тоа име. Од 1983 до 1990 г. над неа е изградена нова голема црква „Св. Никола“. Во 2007 г. започнало обновувањето на црквата и со благослов на владиката Иларион Брегалнички таа е преосветена како „Свети Прохор Пчински“. Отворена е на 1 октомври 2011 г. — на денот на светецот. Иконите во црквата се од XIX век, дело на Ѓорѓи Зографски и други автори.

Поврзано Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво

Наводи

Свети Николе Категорија:Цркви во Свети Николе