Свети Димитриј – главна манастирска црква на Чебренскиот манастир.„Чебрен “. Мој Роден Крај.
Историја Црквата потекнува од првите декади на XIV век.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 11. Во втората половина на XIV век, во Прилепско и Пелагонија била активна монашката сликарска тајфа на митрополитот Јован Зограф и неговиот брат јеромонахот Макариј, но сепак нема податоци за тоа кој ја живописал црквата поради тоа што живописот од тој период не е сочуван.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 12. Во текот на XVI век, Охридската архиепископија западнала во тешка политичко-економска положба, па така архиепископот Гаврил заедно со пелагонискиот и прилепскиот митрополит патувале во Русија за да бараат парична и друг вид помош од рускиот цар Фјодор Иванович. Паричната помош којашто ја барале била наменета за потпомагање на истоштеното христијанско населени и за обнова на црквите и манастирите, што значи дека црквата била обновена со ваквите заложби на ариепископот и месните епископи.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 13. Денес, црквата е обновена со помали димензии врз темелите на стариот храм, а од првобитната градба сочувана е средишната длабока апсида.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со средишна длабока апсида на источната страна којашто била обновена над рановизантиската во XIV век со димензии од 2,4 м и дел од источниот ѕид. Влезот се наоѓа на западната страна. Во внатрешноста на црквата имало иконостас кој потекнувал од XV век и бил обновен во XIX век. Црквата е градена од камен и е покриена со дрвен покрив над којшто има кров од ќерамиди.
Фрескоживопис Нема податоци кога црквата била живописана, а тоа не може да се утврди ни преку времеследна споредба. Сепак, иконографијата кај сочуваниот живопис води до заклучок за неговата сличност со живописот кај црквите од XV век, како што е црквата „Пресвета Богородица Милостива“ во селото Нивици во Голема Преспа од 1451/2 година, црквата „Св. Илија“ во селото Долгаец, Црквата „Вознесение Христово“ кај селото Вишни во близина на Струга и др. Оттука може и да се претпостави дека живописот во апсидата можеби потекнува од периодот кога бил изградена црквата над рановизантиската, односно во првата половина на XIV век. Денес, живописот е крајно запоставен, избледен и прекриен со наслаги од различен вид, па оттаму е со многу слаба видливост.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 14-15. мини|лево|180п|Фреска во црквата Во олтарниот простор е сочуван живопис од XVI век, кога црквата била обновена и повторно живописана. Од живописната површина во апсидата, нецелосно е сочуван долниот дел на цоклето. Покрај тоа, зачувани се неколку правоаголни полиња коишто се ограничени со темносива боја, а во полињата има белузлава основа врз којашто се насликани букети со цвеќиња со црвена и светлосина боја. Над цоклето, во првата зона е претставена сцената Поклонување на жртвата, веројатно со архијерејската свита од Свети Григориј, Василиј Велики, Јован Златоуст и ангел. Сцената Поклонување на жртвата е зачната уште од времето на назначувањето на охридскиот архиепископ Лав I во 1037 година, период на неговите христолошки расправи со римското свештенство. Поклонување на жртвата е симболичен начин на прикажување на евхаристијата, односно алузијата на Тајната вечера, со што е востановен чинот на причестувањето на Исус Христос како евхаристичка жртва. Впрочем, ова е евхаристична сцена којашто е зачната од темата Службата на Свети Василиј Велики и подоцна станала редовна содржина во долната зона на апсидата кај византиските цркви под називот „Поклонување на жртвата“. Фигурите на живописот не се целосно сочувани. Во втората зона е прикажана сцената Причестување на апостолите, каде Исус е претставен како од левата страна се причестува со вино и од десната со леб. Во горниот дел е насликана лачна рамка со црвена боја над секој светител којашто потсетува на иконостасните епистили од XVI-XVII век. Од третата зона во сферата на апсидата е сочуван мал дел живопис на којшто не може да се утврди сцената. Веројатно се работи за приказ на Богородица со Исус. Зоните се поделени со насликана лента од 5 см, а притоа е употребена темноцрвена боја.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 15-16.
Поради слабата видливост е невозможно да се исчитаат било какви потписи, натписи, а не може дури ни да се направи попрецизна анализа на цртежот употребената палета на боја. Техниката на живописување веројатно е фреско. Облеката и ликовите се насликани претежно со тонови на жолт окер, кафеава, портокалова и белузлава боја, а основите се насликани со париско-сина боја во првата зона, ултрамарин во втората зона во горните делови и жолт окер во долните делови. Ликовите на светителите се внимателно обработени, особено ликот на ангелот и Исус Христос со нагласен израз од окерасти, кафеави и нежномаслинести тонови коишто се карактеристични за стариот византиски стил. Облеката е графички драпирана со светли и темни тонови на одбраната боја за да се прикаже раскошното драпирање преку означување на осветлените и површините во сенка.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 16.
Галерија
Поврзано Чебренски манастир Црква „Вознесение Христово“ - Чебрен Чебрен Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Чебрен Чебрен