Хуго Алвар Хенрик Алто (фински: Hugo Alvar Henrik Aalto) (, - , ) — фински архитект, урбанист и дизајнер, понекогаш се нарекува „Таткото на модернизмот во нордиските земји“. Неговите најпознати дела се од архитектурата, но и од дизајнот на мебел и стакларија.

Приврзаник е на функционализмот и органската архитектура. Најчесто неговите згради на хармоничен начин се вклопуваат со околниот пејзаж, со кој образуваат една архитектурна целина. Во склад со традицијата на неговата земја, посебна наклоност имал кон дрвото и тулите како градежен материјал. За повеќе негови згради, тој го има дизајнирано и мебелот.

Работел во Финска, Шведска, САД и други земји. Во родната земја познати негови згради се и зградата на Хелсиншкиот технолошки универзитет на Хелсинки, општинскиот дом во Сјајунатсјало и концертната хала Финландија во Хелсинки. Бил професор на Масачусетскиот институт за технологија (MIT) во Кембриџ, каде и проектирал еден од студентските домови.

Надворешни врски Alvar Aalto's Savoy Vase (1936)

Галерија

Категорија:Фински архитекти Категорија:Носители на Кралскиот златен медал Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Модернистички архитекти Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите