алт=Михаил Василиевич Плетњов е руски пијанист, композитор и диригент|мини|Михаил Василиевич Плетњов е руски пијанист, композитор и диригент Михаил Василевич Плетњов (рус. Михаил Васильевич Плетнёв; р. 14 април 1957 во Архангелск) — руски пијанист, диригент и композитор.

Роден е во мошне музикално семејство; татко му свирел и предавал армоника, а мајка му пијанo.Fanning, David. "Pletnev, Mikhail." Grove Dictionary of Music and Musicians. 2001. Се запишал на Централното музичко училиште на возраст од 13 години, а во 1974 влегол во Московскиот конзерваториум, во класата на славните пијанисти и учители Јакоб Флир и Лав Власе. На 21 годишна возраст го добил Златниот медал на VI Меѓународен натпревар „П.И. Чајковски“ во 1978, со што се здобил со меѓународно признание и привлекол големо внимание ширум светотJean-Pierre Thiollet, 88 notes pour piano solo, "Solo nec plus ultra", Neva Editions, 2015, 51. ISBN 978 2 3505 5192 0.. Предавал на Московскиот конзерваториум и транскрибирал и изведувал транскрипции на симфониски и балетски дела од Чајковски.

Плетњов има договор како ексклузивен пијанист за „Дојче Грамофон“.

Награди и признанија Греми за најдобра изведба на камерна музика: Марта Аргерич и Михаил Плетњов за Прокофиев (аранж. Плетњов): Свита Пепелашка за две пијана/Равел: Мојата мајка гуска (2005)

Наводи

Надворешни врски

Неофоцијален портал на Михаил Плетњов

Категорија:Руски пијанисти Категорија:Руски композитори Категорија:Добитници на Греми Категорија:Луѓе од Архангелск Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Добитници на Државната награда на Руската Федерација Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од III степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол Категорија:Народни уметници на Руската СФСР Категорија:Живи луѓе