Св. Петар и Павле — црква во охридското село Врбјани, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Храмот е сместен на 500 м источно од селото и изграден врз темелите на постара црква. Во апсидата се вградени бигорни камења од постариот храм, а наоколу има стари гробови. Во храмот има два натписа — едниот во три дена на северниот ѕид вели дека камен-темелникот е поставен на 1 април 1938 година, а вториот на западниот ѕид вели дека црквата живописана од дебарскиот зограф Јордан Доневски.

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Врбјани Категорија:Дела на Дебарската школа