Љубовни Рани е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во текот на 2006 година, со 130 епизоди. Оваа теленовела е преработка на мегапопуларната теленовела Валерија и Масксимилиано, која својата премиера во Мексико, ја почувствува во 80-те. Серијата кај нас се емитувала на Сител-телевизија.
Синопсис Миранда Сан Лоренте е модерна продуховена млада жена која се чини има се: убавина, богатство и љубов. Нејзиниот татко милионерот Гонсало планира неговото богатство и работа да и го препушти на неа, бидејќи од трите ќерки таа најмногу го потсетува на него. Мислите на Миранда се насочени кон престојната свадба со Фабрисио, кој треба да се врати од странство, но не ни сонува дека тој не сака да ја земе за жена. Берта е тетката на Миранда која никако не може да ја излаже Миранда со нејзината љубезност. Фабрисио се враќа во градот со пријателот Алехандро кој верува дека Гонсало го убил неговиот татко и бара одмазда. Но, тој за првпат во животот ќе се вљуби во жена и тоа во Миранда. Таа исто така е привлечена од него и започнуваат врска на љубов и омраза.
Улоги Глумци ЛиковиЖаклин Бракамонтес МирандаГај Екер АлехандроДиана Брачо БертаСерхио Сендел СесарИнгрид Мартц РенатаНурија Багес Фернанда
Љубовни Рани на Балканот Македонија: Сител Телевизија Словенија: ПОП ТВ Бугарија: бТВ Србија: Пинк Телевизија Црна Гора: Пинк М Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Надворешни врски Официјално мрежно место Сериалс.ру
Категорија:Теленовели Категорија:Мексикански телевизиски серии