Стојан-Богоја Силјановски — сопственик на мал дуќан за цигари во Битола, праведник меѓу народите од Битола. Јад Вашем го признал Стојан за праведник на 28 ноември 1989 година под број 4433.1
Спасување од холокаустот Дуќанот на Силјановски се наоѓал спроти Бугарската полициска станица. Полицајците постојано влегувале и излегувале од неговиот дуќан, што не го спречило на 10 март 1943 година, во истиот тој дуќан да ги скрие Роза Камхи-Руса, Естреја Овадија-Мара, Жамила Колономос-Цвета, Естреја Леви-Лена и Адела Фараџи-Ката, пет еврејски девојки. Следниот ден во неговиот дуќан се појавиле уште три девојки Еврејки кои го прашале дали има цигари „Картер“, тајната лозинка. И нив ги скрил во просторот каде немало санитарни услови, па Силјановски покрај храна и вода, морал незабележано да го празни санитарниот отпад. Така тој пред носот на полицијата криел осум девојки.
По три недели криење, Силјановски една по една ги извел вон градот и тие им се придружиле на македонските партизани.
Наводи
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Праведници меѓу народите