„Уна“ — љубовен роман на Момо Капор. Книгата била објавена во 1981 година од издавачката куќа „Знање“ од Загреб. Романот ја раскажува приказната за романса помеѓу младата, убава и интелигентна студентка Уна Војводиќ и нејзиниот професор Мишел Бабиќ.
Филм Уна Врз основа на романот во 1984 година бил снимен филм, во кој улогите на Уна и професорот Бабиќ ги толкувале Соња Савиќ и Раде Шербеџија. Сценариото го напишал Небојша Пајкиќ според текстот на Капор, додека филмот го режирал Милош Радивојевиќ.
Категорија:Дела на Момо Капор Категорија:Дела од 1981 година Категорија:Српски романи