Премиер лига на Англија 2003-2004 била 105-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 12-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 16 август 2003, а завршила на 15 мај 2004, со триумф на екипата на Арсенал.
Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Портсмут, Лестер Сити и Вулверхемптон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2003-2004. Тие ги замениле , и , кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.
На 25 април 2004, Арсенал станале шампиони по тринаесетти пат во клупската историја, после ремито на гостувањето кај Тотенхем. Успехот на топџиите останал запаметен и по фантастичната сезона во која до титулата тие стигнале без ниту еден пораз со што го добиле епитетот Непобедливите. Најблиските конкуренти на Арсенал во оваа сезона биле Челси и Манчестер Јунајтед кои останале на -11 и -15 бодови од шампионите. Првата четворка, која го дала списокот на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, ја заокружила екипата на Ливерпул.
Петтопласираниот Њукасл Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Мидлсбро, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона.
, и биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 30 постигнати гола.
Општо Формула Трета последователна сезона, четирите највисоко пласирани екипи од Премиер лигата на крајот од сезоната стекнуваат право да играат во Лигата на шампионите; две (шампионот и вицешампионот) директно во групната фаза на натпреварувањето, а две (третиот и четвртиот) во квалификациите. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.
Новини Пред почетокот на сезоната, Манчестер Сити го напуштиле нивниот дотогашен домашен терен Мејн Роуд по повеќе од 80 години за да се преселат на модерниот Градски стадион во Манчестер.
Промена на екипи Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2003-2004, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2002-2003, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2002-2003, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Портсмут, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија по цели петтнаесет години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1987-1988, потоа Лестер Сити, кои се вратиле по една година отсуство и испаѓањето во сезоната 2001-2002, и Вулверхемптон Вондерерс, кој како победник на плејофот се вратил во "елитното друштво" за првпат од раните 1980-ти години, поточно по цели 20 години. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона , и .
Настани
Откако се квалификувале за Лигата на шампионите во претходната сезона, Челси добил буџет од 100 милиони фунти за трошење на играчи од светска класа, финансирани од нивниот нов сопственик русинот Роман Абрамович. Тие заедно со бранителот на титулата, Манчестер Јунајтед важеле за најголеми фаворити за освојување на титулата. Но наместо тоа, титулата отишла во рацете на Арсенал, кои го завршиле првенството непоразени (26 победи, 12 нерешени и 0 порази), со што го израмниле рекордот поставен од Престон Норт Енд во сезоната 1888-1889. Благодарение на ова престижно достигнување, играчите на „топчиите“ го добиле прекарот Invincibles (на македонски Непобедливите).
Уште од самиот почеток Арсенал се нашол на врвот на табелата, но после шесттото коло таму биле изедначени со градскиот ривал Челси. Откако три кола по ред двете екипи го делеле првото место со еднаков број на бодови, „топчиите“ стекнале предност во однос на „сините“ со победата во директниот дуел одигран на Хајбери со 2-1. Така, Арсенал останал осамен лидер на табелата сè до 14-тото коло, кога по ремито без голови на домашен терен против Фулам биле престигнати од Челси. Во 16-тото коло Арсенал се вратиле на врвот на табелата, но веќе во следното коло дошло до нова промена на врвот на табелата каде сега се нашла екипата на Манчестер Јунајтед. "Црвените ѓаволи" се задржале на првото место до 21-вото коло.
Арсенал додале гас во вториот дел од првенството предводени од нивниот најдобар стрелец Тјери Анри, престигнувајќи го Манчестер Јунајтед и отвориле солидна предност во однос на нивните гонители, што не им успевало во првиот дел од сезоната. Титулата била обезбедена на 25 април 2004 година, на четири кола пред крајот, благодарение на ремито 2-2 против градскиот ривал Тотенхем. Челси го затвориле првенството на 2. место со 79 бодови, 11 помалку од „топчиите“. Манчестер Јунајтед завршил на третото место и се пласирал во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул. На дното на табелата, Лидс Јунајтед, во очигледен пад поради длабоката финансиска криза, испаднал во Чемпионшип, заедно со "новаците" Лестер Сити и Вулверхемптон.
Екипи Екипи учеснички
Стадиони и локации
ЕкипаСезонаГрад СтадионПретходна сезона деталиЛондон Стадион Арсенал2. место во Премиер лигата деталиБирмингем Вила Парк16. место во Премиер лигата деталиБирмингем Сент Ендрјус13. место во Премиер лигата деталиБлекбурн Ивуд Парк6. место во Премиер лигата деталиБолтон Рибок17. место во Премиер лигата деталиВулверхемтпон Молинју5. место во Првата дивизија, промоција преку плејоф деталиЛиверпул Гудисон Парк7. место во Премиер лигата деталиЛестер Стадион Лестер Сити 2. место во Првата дивизија, промоција деталиЛиверпул Анфилд5. место во Премиер лигата деталиЛидс Еланд Роуд15. место во Премиер лигата деталиМанчестер Олд ТрафордШампион на Англија деталиМанчестер Градски стадион во Манчестер9. место во Премиер лигата деталиМидлсбро Риверсајд11. место во Премиер лигата деталиЊукасл на Тајн Сент Џејмсис Парк3. место во Премиер лигата деталиПортсмут Фратон Парк 1. место во Првата дивизија, промоција деталиСаутхемптон Сент Мери8. место во Премиер лигата деталиЛондон Вајт Харт Лејн10. место во Премиер лигата деталиЛондон Лофтус Роуд14. место во Премиер лигата деталиЛондон Вали12. место во Премиер лигата деталиЛондон Стемфорд Бриџ4. место во Премиер лигата
Личности и спонзори Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец Опрема СпонзорАрсенал Арсен Венгер Патрик Виера Тјери Анри (30) Nike O2Астон Вила Дејвид О'Лири Олоф Мелберг Хуан Пабло Анхел (16) Diadora RoverБирмингем Сити Стив Брус Кени Канингем Микаел Форсел (17) Le Coq Sportif Flybe.comБлекбурн Роверс Грем Сунес Гари Флиткрофт Енди Кол (11) Kappa HSAБолтон Вондерерс Сем Алардајс Џеј-Џеј Окоча Кевин Дејвис, Јури Џоркаеф, Кевин Нолан (9) Reebok ReebokВулверхемптон Дејв Џонс Пол Инс Анри Камара (7) Admiral DoritosЕвертон Дејвид Мојес Дејвид Вир Вејн Руни (9) Puma KejianЛестер Сити Мики Адамс Мат Елиот Лес Фердинанд (12) Le Coq Sportif Alliance & LeicesterЛиверпул Жерар Улие Стивен Џерард Мајкл Овен (16) Reebok CarlsbergЛидс Јунајтед Питер Рид (1.-12. коло) Еди Греј (13.-38. коло) Доминик Матео Марк Видука (11) Nike Whyte and MackayМанчестер Јунајтед Алекс Фергусон Рој Кин Руд ван Нистелрој (20) Nike VodafoneМанчестер Сити Кевин Киган Силвен Дистен Никола Анелка (17) Reebok First AdviceМидлсбро Стив МекЛарен Гарет Саутгејт Силард Немет (9) Erreà Dial-a-PhoneЊукасл Јунајтед Боби Робсон Алан Ширер Алан Ширер (22) Adidas Northern RockПортсмут Хари Реднап Теди Шерингам Јакубу Ајегбени (16) Pompey Sport tyСаутхемптон Гордон Страхан (1.-25. коло) Стив Вигли (26.-27. коло) Пол Старок (28.-38. коло) Клаус Лундеквам Џејмс Бити (14) Saints Friends ProvidentТотенхем Глен Ходл (1.-6. коло) Дејвид Плит (7.-38. коло) Џејми Реднап Роби Кин (14) Kappa Thomson HolidaysФулам Крис Колман Ли Кларк Луј Саа (13) Puma dabs.comЧарлтон Алан Карбишли Мат Холанд Џејсон Јуел (10) Joma All:SportsЧелси Клаудио Раниери Марсел Десаи Џими Флојд Хаселбајнк (13) Umbro Fly Emirates
Завршна табела Екипа 1.9038261207326+47 2.793824776730+373.753823695435+29 4.60381612105537+18 5.5638131785240+126.56381511124844+47.5338141113515108.53381411134856-89.52381410145246+610.50381214124348-5Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2004-2005 како победник на Лига купот 2003-2004.11.4838139164452-8 12.47381211154445-1 13.4538129174754-7 14.4538136194757-10 15.4438128185159-8 16.4138914155554+1 17.3938912174557-12 18.3338615174865-17 19.333889214079-39 20.3338712193877-39 Легенда: Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005. Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005. Се квалификува за третото квалификациско коло на УЕФА Лига на шампиони 2004-2005. Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 2004-2005. Се квалификува за квалификациите на Куп на УЕФА 2004-2005. Испаѓа во Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2004-2005.
Нотес: Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз. Во случај на еднакви бодови, екипите се рангираат според гол-разликата.
Шампионскиот тим
Формација Играчи (настапи) Јенс Леман (38) Лоран (32) Коло Туре (37) Сол Кембел (35) Ешли Кол (32) Фредрик Јунгберг (30) Патрик Виера (29) Жилберто Силва (32) Робер Пирес (36) Денис Бергкамп (28) Тјери Анри (37) Менаџер: Арсен Венгер Останати играчи: Еду (30), Реј Парлор (25), Паскал Сиган (18), Хосе Антонио Рејес (13), Гаел Клиши (12), Силван Вилтор (12), Жереми Алијадиер (10), Нванкво Кану (10), Мартин Кион (10), Дејвид Бентли (1), Џастин Хојт (1)
Резултати Табеларен приказ Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.
Последно ажуриање: 22 декември 2021.
АРСАСВБИРБЛЕБОЛВУЛЕВЕЛЕСЛИВЛИДМНЈМНСМИДЊУКПОРСАУТОТФУЛЧАРЧЕЛАрсенал––––2-00-01-02-13-02-12-14-25-01-12-14-13-21-12-02-10-02-12-1 Астон Вила0-2––––2-20-21-13-20-03-10-02-00-21-10-20-02-11-01-03-02-13-2 Бирмингем Сити0-30-0––––0-42-02-23-00-10-34-11-22-13-11-12-02-11-02-21-20-0 Блекбурн0-20-21-1––––3-45-12-11-01-31-21-02-32-21-11-21-11-00-20-12-3Болтон1-12-20-12-2––––1-12-02-22-24-11-21-32-01-01-00-02-00-20-00-2Вулверхемптон1-30-41-12-21-2-–––2-14-31-13-11-01-02-01-10-01-40-22-10-40-5Евертон1-12-01-00-11-22-0––––3-20-34-03-40-01-12-21-00-03-13-10-10-1Лестер Сити1-10-50-22-01-10-01-1––––0-04-01-41-10-01-13-12-21-20-21-10-4Ливерпул1-21-03-14-03-11-00-02-1––––3-11-22-12-01-13-01-20-00-00-11-2Лидс Јунајтед1-40-00-22-10-24-11-13-22-2––––0-12-10-32-21-20-00-13-23-31-1Манчестер Јунајтед0-04-03-02-14-01-03-21-00-11-1––––3-12-30-03-03-23-01-32-01-1 Манчестер Сити1-24-10-01-16-23-35-10-32-21-14-1––––0-11-01-11-30-00-01-10-1Мидлсбро0-41-25-30-12-02-01-03-30-02-30-12-1––––0-10-03-11-02-10-01-2 Њукасл Јунајтед0-01-10-10-10-01-14-23-11-11-01-23-02-1––––3-01-04-03-13-12-1Портсмут1-12-13-11-24-00-01-20-21-06-11-04-25-11-1––––1-02-01-11-20-2 Саутхемптон0-11-10-02-01-22-03-30-02-02-11-00-20-13-33-0––––1-00-03-20-1Тотенхем2-22-14-11-00-15-23-04-42-12-11-21-10-01-04-31-3––––0-30-10-1Фулам0-11-20-03-42-10-02-12-01-22-01-12-23-22-32-02-02-1––––2-00-1Чарлтон1-11-21-13-21-22-02-22-23-20-10-20-31-00-01-12-12-43-1––––4-2Челси1-21-00-02-21-25-20-02-10-11-01-01-00-05-03-04-04-22-11-0––––
Статистика Екипна Лидери на табелата Извор:
Факти и бројки Најголем број на победи: Арсенал (26) Најмал број на порази: Арсенал (0) Најдобар напад: Арсенал (73 постигнати гола) Најдобра одбрана: Арсенал (26 примени гола) Најдобра гол-разлика: Арсенал (+47) Најголем број на нерешени: Њукасл Јунајтед (17) Најмал број на нерешени: Манчестер Јунајтед, Тотенхем (6) Најголем број на порази: Лидс Јунајтед (21) Најмал број на победи: Лестер Сити (6) Најслаб напад: Вулверхемптон (38 постигнати голови) Најслаба одбрана: Лидс Јунајтед (79 примени голови) Најлоша гол-разлика: Лидс Јунајтед, Вулверхемптон (-39)
Поединечна Листа на стрелци Извор:
Награди Месечни награди