мини|260x260пкс| Доаѓањето на Игнаци Јан Падеревски во Познањ на 27 декември 1918 година беше директен импулс за избувнувањето на Големото Полско востание. мини|222x222пкс|Минует во Г-дур, оп. 14 бр.1 од Падеревски во изведба на Маркус Стааб мини|Игнаци Јан Падеревски свири валцер Оп. 64, бр.2 од Фрајдерик Шопен. Снимено во 1917 година Игнаци Јан Падеревски; роден 18 ноември 1860 година во Куриловка, починал на 29 јуни 1941 година во Њујорк) - полски пијанист, композитор, активист за независност, државник и политичар. Под негово директно влијание, претседателот Вудро Вилсон во својот ултиматум го условил со потпишувањето на Версајскиот договор од страна на Соединетите Американски Држави, во 13-тата точка со која се бара согласност од страните во договорот за суверенитетот на Полска - благодарение на што договорот вклучувал создавање на независна полска држава.
Од 1919 година бил премиер и министер за надворешни работи на Република Полска. Падеревски дипломирал на Музичкиот институт (подоцна Варшавски конзерваториум). Тој, меѓу другите, добил Орден на Белиот орел, Францускиот Голем крст на Легијата на честа и титулата Витез на Големиот крст од Редот на Британската империја.
Биографија
Детството и младоста Игнаци Јан Падеревски е роден во Куриловка во Подолија (денешна Украина) во 1860 година. Неговата мајка, Поликена, ќерка на Зигмунт, филомат и пријател на Адам Мицкевич, починала неколку месеци по неговото раѓање. За Игнаци и неговата постара сестра Антонина се грижел нивниот татко - учесник во Јануарското востание, кој отслужил едногодишна затворска казна во Киев за неговото учество, а потоа заработувал како администратор на еден од имотите во Подолија. Набргу потоа, татко му починал. И двајцата родители на Падеревски беа погребани на гробиштата во Житомиерц.
По смртта на татко му, за Падеревски се грижела тетка му. Поранешниот ноемвриски бунтовник, Михал Бабински, имал големо влијание врз неговото воспитување . На момчето му предавал историја, географија, француска и полска литература. Од детството, Игнаци ги покажал своите музички таленти свирејќи на старото семејно пијано.
Во годините 1872–1878 година се школувал во Варшавскиот музички институт (од 1919 година наречен Варшавски конзерваториум). Таму студирал пијано со Рудолф Штробл, Јулиус Јанота, Роман Шлоцер и неговиот брат Павел Шлоцер. Студирал теоретски предмети кај Густав Рогуски, кој пак бил ученик на Хектор Берлиоз. По дипломирањето со почести, Падеревски добил позиција како наставник по пијано. Заработувал свирејќи на забави, компонирајќи и изведувајќи свои дела и држејќи часови по пијано. И покрај широкото признание, рекол дека има уште многу да научи, па можел да вежба и до 12 часа на ден. Во 1880 година се оженил со Антонина Корсаковна. По смртта на неговата сопруга во 1881 година (која го оставила со осакатениот неколкумесечен син Алфред), тој заминал во Берлин каде се усовршувал.
Музичка кариера За време на неговите патувања во странство, Падеревски, меѓу другите, се сретнал со познатата полска глумица Хелена Моджејевска. Таа, фасцинирана од неговиот талент, му подарила голема сума пари. За оваа сума, тој можел да го продолжи своето образование во Виена под раководство на Теодор Лешетицки. Неговиот учител подоцна го предложил како наставник по пијано во Стразбур. Првиот голем успех го имал, дебитирајќи како пијанист во 1887 година, а во 1888 година го имал првиот голем концерт во Париз. Таму се запознал и се дружел и со композиторот Камил Сен-Санс.
Подоцна, извесно време престојувал во Лондон, каде што одржувал концерти, меѓу другите, за кралицата Викторија. Финансиската ситуација го принудила Падеревски да оди на турнеја низ Соединетите држави во 1891–1892 година, што се покажало како голем успех. Решил да живее во САД. Таму се здобил со огромна популарност. Го нарекувале „најголем од сите“, „мајстор“, „крал на пијанистите“, „волшебник на дирките“. За време на турнеата во САД ја повредил раката. Тој дури размислувал да ја заврши својата кариерата. Фридрих Ланге - пионер на германската хирургија во Соединетите држави успел да ја спаси неговата дланка. Во 1899 година, Падеревски се оженил со Хелена Марија Горска, родената Розен. Двојката купила имот во Кешна Долна (близу Тарнов), но сепак подоцна семејството Падеревски се преселило во Швајцарија, на имотот Рионд-Босон во Толошна, во близина на Морж (близу Лозана).
Падеревски го создал своето единствено сценско дело, операта Манру (на крајот на 19 век). Неговата светска премиера се одржа во Дрезден на 29 мај 1901 година, а наскоро делото било претставено во Лавов. Американската премиера се одржала во Метрополитен операта на 14 февруари 1902 година. Имала уште 9 изведби во истата сезона, по што операта била симната од постерот и никогаш повторно не била поставена. До ден денес, Манру останува единствената опера создадена од Полјак што била поставена во Метрополитен операта.
Политика Во 1908 година, по налог на Падеревски, вајарот Антони Вивулски направил споменик во чест на победата на полската војска во Битката кај Грунвалд. Споменикот бил откриен во 1910 година во Краков, во присуство на над 150.000 луѓе. Тогаш Падеревски одржал говор за независност.
По избувнувањето на Првата светска војна, тој започнал да спроведува обемни дипломатски активности за Полска и Полјаците, користејќи ја својата популарност на Запад. Падеревски собрал, меѓу другото средства за помош на жртвите од војната и бил еден од ко-основачите на комитетите за помош на Полјаците во Париз и Лондон. Во 1915 година во Вевеј, заедно со Хенрик Шенкевич, тој го основал швајцарскиот генерален комитет за помош на жртвите од војната во Полска. Истата година заминал во Соединетите Американски Држави, каде што ги продолжил своите активности. Пред секој настап тој зборувал за независноста на Полска. За кратко време имал можност да се зближи со советникот на претседателот Вилсон, Едвард Хаус. Подоцна тоа му овозможило и средба со самиот претседател, на која имал прилика да му ја претстави својата визија за независна Полска (вклучувајќи го и концептот на Соединетите Држави на Полска). Можеби поради оваа причина прашањето за полската независност било вклучено во познатите 14 точки на Вилсон. Во август 1917 година, тој станал претставник на Полскиот национален комитет во САД, на чело со Роман Дмовски
По враќањето на Јозеф Пилсудски во земјата и доверувањето на задачата за формирање влада на Једреј Морачевски, Падеревски исто така се вратил во Полска. Првично пристигнал во Ливерпул на 23 Ноември 1918 година, од каде заминал за Лондон. Во текот на следните неколку дена, тогашниотбритански министер за надворешни работи, Артур Балфур, разговарал со него, убедувајќи го да замине за Полска и да ја води новата влада. Падеревски сакал да отпатува за Варшава преку Гдањск и Торун, иако овие градови тогаш сè уште биле германски. Полуофицијална делегација предводена од британскиот воен аташе Хари Хершел Вејд заминала во Полска заедно со Падеревски, а Ричард Кименс од британското Министерство за надворешни работи, поранешен англиски конзул во Варшава, бил негов заменик.
Падеревски, со сопругата и со мајорот Зигмунт Ивановски кој ги придружувал како аѓутант, тргнале на патување од пристаништето Харвич до Полска со бродот „Конкорд“. На 23 декември, бродот замина во Копенхаген, а на 25 декември пристигнал во Гдањск. Падеревски престојувал во хотелот Данцигер Хоф, а на 26 декември во 11 часот отпатувал со воз преку Пила до Познањ. Со цел да се избегнат политички демонстрации, Канцеларијата за надворешни работи на Рајх одлучила да му забрани на пијанистот да доаѓа а во Рогожано, Германците се обиделе да го насочат возот што го превезувал директно во Варшава, заобиколувајќи го Познањ. Благодарение на односот на Падеревски и Вејд, оваа намера не била реализирана. Падеревски на 26 декември пристигнал во Познањ, што предизвикало голема врева кај локалните Полјаци. Давањето наредба да го напушти градот ги оневозможило германските офицери на кордонот на Народната гарда. Падеревски отишол во хотелот Базар, каде што бил одржан банкет во негова чест, по што одржал говор, кој кулминирал со овации и патриотски демонстрации. Неговото пристигнување во главниот град на Голема Полска и неговиот ентузијастички поздрав биле поттик за избувнување на успешното востание.
По пристигнувањето во Варшава, Падеревски се сретнал со Пилсудски и ја презел улогата на посредник меѓу него и таборот на Дмовски. На 16 јануари 1919 година станал премиер, служејќи и како министер за надворешни работи. Заедно со Роман Дмовски, како ополномоштен делегат, ја претставувал Полска на мировната конференција во Париз, која завршила со потпишување на Версајскиот договор, со кој завршила Првата светска војна. Во тоа време, тој го поддржал ген. Тадеуш Розвадовски во неговите планови да ја создаде Американската легија, која требала да се бори во Полска со болшевиците. Како резултат на овие активности бил формиран полско-американскиот авијациски ескадрил Тадеуш Кошчиушко. Падеревски не успеал да ги спроведе сите претпоставки на полската страна, но се покажал како ефикасен преговарач и дипломат. И покрај ова, неговата непартиска влада била критикувана дома и од левицата и од десницата. Падеревски знаел дека неговиот кабинет е привремен и затоа поднел оставка во декември 1919 година. Потоа заминал во Швајцарија да се одмори од политиката. Сепак, тој се вратил во Полска во екот на полско-болшевичката војна во 1920 година. Станал пратеник на полската влада во Лигата на народите. Сепак, набрзо се повлекол од оваа функција во 1921 година.
Последните години Игнаци Јан Падеревски во 1922 година се вратил во САД, каде се посветил на концертите. За турнејата низ САД, тој успеал да заработи 500.000 долари, астрономска сума за тие времиња. Подоцна, тој се занимавал и со добротворна работа (во 1932 година, настапот на Падеревски во Медисон Сквер Гарден бил со посетеност од рекорден број гледачи - 16.000, а уметникот ги донирал приходите од овој концерт ,на невработени американски музичари). Во тоа период се здобил со многу титули и признанија, вклучително и титулата Витез од страна на Британскиот Монарх Џорџ V ].
По смртта на Пилсудски во 1935 година, Падеревски го основал т.н. Фронт Моргес. Опозициска организација, политички договор на активисти на центристички партии, а еден од нејзините главни основачи бил генералот Владислав Сикорски. Фронт Моргес повикувал на демократизација на политичкиот живот во земјата и предложиле Падеревски да биде избран за претседател на Полска.
На 26 мај 1939 година доживеал срцев удар пред планираниот концерт во Њујорк, за кој биле продадени околу 16.000 билети.
По избувнувањето на Втората светска војна, Падеревски станал член на полските власти во дијаспората. Тој бил претседател на Националниот совет на Република Полска во Лондон, кој претставувал замена за парламент во дијаспората. Во септември 1940 година, и покрај влошената здравствена состојба, повторно заминал во САД за да може да дејствува за Полска. Тоа помогнало, меѓу другото, во добивање на заеми од владата на Сикорски за вооружување на полските вооружени сили на Запад. За време на Втората светска војна, германските нацисти го ставиле неговото име на листата на непријатели на Третиот рајх, т.н. Црна книга.
Падеревски починал од пневмонија на 29 јуни 1941 година во единаесет часот наутро, во хотелска соба на хотелот Бакингем на Менхетен. (Меѓутоа, обдукцијата покажала дека долги години боледувал од карцином на дебелото црево, кој метастазирал во белите дробови).
Следниот ден, премиерот на полската влада на дијаспората и врховниот командант, генералот Владислав Сикорски, издал наредба бр. 11, во која последните зборови биле:
Полскиот народ во длабока жалост поради заминувањето на И.Ј. Падеревски, засекогаш губи еден од најголемите духовни водичи. Почитувајте го неговиот спомен! Прочитајте ја оваа наредба пред војниците и морнарицата на Република Полска.
Инхумација