„Госпоѓата министерка“ (српски: Госпођа министарка) — српски и југословенски филм од 1958 година во режија на Жорж Шкргин. Главните улоги ги играат: Марица Поповиќ, Мија Алексиќ, Северин Бијелиќ, Дара Чалениќ, Милена Дапчевиќ, Бранко Ѓорѓевиќ и Јован Гец.РТС, Госпођа министарка (пристапено на 17.12.2021)
Синопсис Откако станува министерка, Живка (ја игра Поповиќ) го менува дотогашниот начин на живот и се претвора во светска дама. Меѓутоа, нејзиниот раскош трае кратко, бидејќи мора да поднесе оставка поради скандалот што го предизвикува нејзиниот маж. На крајот од филмот, таа очајна гледа во министерскиот пајтон кој заминува на една страна, а таа се враќа на друга — во стариот живот.
Наводи
Категорија:Филмови на Жорж Шкргин Категорија:Филмови со Марица Поповиќ Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Северин Бијелиќ Категорија:Филмови со Дара Чалениќ Категорија:Филмови со Милена Дапчевиќ Категорија:Филмови со Бранко Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Јован Гец Категорија:Филмови од 1958 година Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови засновани на драми Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмски комедии