Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Годивле, Македонија.

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Годивле, во близина на основното училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата е сместена над селото Годивле.

Историја

Црквата била подигната и осветена во 1860 година од страна на митрополитот Венедикт Византиски. Претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.

Архитектура

Претставува еднокорабна градба со полукружен свод и полукружна апсида со пет слепи ниши однадвор.

Во олтарот како чесна трапеза служи римски архитектонски елемент, а во дворот има дел од мермерен столб и фрагменти од други архитектонски елементи.

Фрескоживопис

Целосно е живописана во 1883 година од браќата Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево. Фреските се оштетени.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Годивле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Годивле Годивле Категорија:Дела на Дебарската школа