Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Крушеани, Македонија.

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Крушеани.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело во Крушеани.

Историја

Црквата била подигната и осветена во 1860 година. Според истражувањето на Јован Трифуноски, пак, црквата е подигната во 1877 година. Претходно на тоа место имало чаириште.

Архитектура

Претставува еднокорабна засводена градба, разделена напола со трем.

Од надворешната страна на црквата е вѕидана римска надгробна плоча со релјефна претстава на жена како стои меѓу два коњаника. Над релјефот има оштетен старогрчки натпис.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Крушеани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Крушеани Крушеани