Воихна (14 век) ― кесар, управник на Драма и на околните територии.

За управник бил назначен во 1348 година од царот Душан, со кого бил роднински поврзан. По смртта на Душан се осамостоил. Неговата ќерка Ефимија била мажена за господарот на Сер, Јован Углеша. Последен пат се споменува во 1360 година.

Поврзано

Стефан Душан Јован Углеша

Наводи

Категорија:Македонија во средниот век Категорија:Српски кралски семејства Категорија:Српско благородништво Категорија:Родени во 1298 година Категорија:Починати во 1360 година