Игор Лозаноски (Скопје, 7 февруари 1990) — македонски поет и раскажувач.

Животопис Игор Лозаноски е роден во 1990 година во Скопје. Дипломирал на насоката за Менаџмент на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Вработен е во приватно претпријатие.

Творештво Лозаноски почнал да пишува поезија и проза на 10-годишна возраст. Своите први песни ги објавил во 2006 година, во средношколскиот училиштен весник „Орце Инфо“.Д., Т.. „Темплум: Игор Лозаноски ја доби наградата „Новите!“ за 2020 година“. Слободен Печат. Автор е на збирките поезија „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (2018), „Плодови на минатото“ (2020), „Помирување“ (2024) и „Соништа што оставаат траги“ (2025), на збирките раскази „Исповед на еден телевизор“ (2020) и „Сончогледите гледаат на запад“ (2021), како и на романот „Апостол(с)ки“ (2025).„Промоција на збирката кратки раскази од Игор Лозаноски “. МКЦ.Д., Т.. „Романот „Апостол(с)ки“ од Игор Лозаноски зборува за исчезнатата љубов меѓу двајца сопружници“. Слободен печат. 18-19 јули 2026. Во 2020 година, за збирката раскази „Исповед на еден телевизор“ ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Во 2025 година, за збирката поезија „Соништа што остасваат траги“ ја добил наградата „Бели мугри“.</ref name="СП-2"> Неговите дела се објавени и во неколку книжевни списанија („Раст“, „Современост“, „Книжевни елементи“), а се застапени и во неколку македонски антологии.Игор Лозаноски, ''Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 63-64.

Творештво „Така дуваше ветерот – Барок и романтизам“ (поезија, 2018) „Плодови на минатото“ (поезија, 2020) „Исповед на еден телевизор“ (раскази, 2020) „Сончогледите гледаат на запад“ (раскази, 2021) „Апостол(с)ки“ (роман, 2025)

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи