мини|Хорацио Нелсон Хорацио Нелсон, Прв Виконт Нелсон, и постхумно Прв Војвода од Бронте, (29 септември 1758 г. – 21 октомври 1805 година), бил британски адмирал во Кралската морнарица. Како инспиративен лидер, вешт стратег и со своите неконвенционални тактики придонел во извојувањето на бројни одлучувачки победи на британската морнарица за време на Француските револуционерни војни и Наполеоновите војни.

Нелсоновата јуначка смрт во Битката кај Трафалгар го издигнале како еден од најголемите херои во Британија. Неговите зборови непосредно пред биткатата, „Англија очекува дека секој човек ќе ја заврши својата работа“, е честопати цитирана и парафразирана. Во чест на победата во оваа битка и смртта на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон, и споменикот на Нелсон во Единбург.

Раниот живот Хорацио Нелсон е роден на 29 септември 1758 година, во Бурнам Торп, Норфолк, Англија; како шесто од единаесетте деца на свештеникот Едмунд Нелсон и неговата сопруга Кетрин Саклинг.Sugden, 2004, p. 36

Нелсон до својата 12-годишна возраст го посетувал граматичкото училиште во Пастон, а исто така го посетувал и Граматичкото училиште на кралот Едвард VI во Норвич. Поморската кариера ја започнал на 1 јануари 1771 година, кога се пријавил како морнар на бродот Рејсонабл, каде што капетан бил вујко му Морис Саклинг. Набрзо по пријавувањето, Нелсон бил унапреден и започнал обука за офицер. На почетокот од неговата служба, Нелсон открил дека страда од морска болест, која што го мачела до крајот на животот.Sugden, 2004, p. 56

Западни Инди, 1771-1780 Oткако Саклинг бил префрлен на бродот „Триумф“, Нелсон бил испратен на бродот „Мери Ен“, во сопственост на трговската фирма Пуриер и Хортон, во Западните Инди за да стекне поголемо поморско искуство.Hibbert 1994, p. 13 На 25 јули 1771 година, Хорацио од Кент се упатувал кон Јамајка и Тобаго, а се вратил во Плимут на 7 јули 1772 година. Тој се вратил да служи како командант на бродот од неговиот вујко Саклинг, кој превезувал луѓе и пратки. Нелсон разбрал за планираната експедиција, под команда на Константин Фипс, која требало да пронајде премин низ Арктикот преку кој се надевале дека ќе можат да стигнат до Индија: легендарниот Североисточен премин.Pettigrew 1849, p. 4

Саклинг договорил неговиот внук да учествува во експедицијата како кадет на обновениот брод „Каркас“ Pettigrew 1849, p. 4 под команда на Лутвиџ. Експедицијата стигнала на десет степени од Северниот пол, но не можела да ги пробие густите ледени санти, и била принудена да се врати назад.

По враќањето на експедицијата во Британија, во септември 1773 година, Нелсон накратко се вратил на бродот „Триумф“, а потоа се префрлил на бродот „Морско коњче“ (HMS Seahorse) кој требало да замине за Источните Инди.Sugden 2004, p. 81 мини| Капетан Хорацио Нелсон, слика од Џон Френсис Ригауд во 1781 година. Сликата била нацртана пред битката во Сан Хуан, кога Нелсон имал чин поручник; по враќањето на Нелсон, уметникот ги додал ракавите со златни плетенки на новиот капетан.Sugden 2004, p. 464 На 19 ноември 1773 година Нелсон тргнал за Источните Инди и пристигнал во Мадрас на 25 мај 1774 година.Sugden 2004, pp. 92–93 Останал таму до крајот на годината, крстарејќи покрај брегот и придружувајќи ги трговските бродови. На почетокот од 1775 година, по избувнувањето на Првата англо-маратска војна, британската флота ја поддржувала Источноиндиската компанија, а Морското коњче требало да ги пренесе парите на компанијата во Бомбај. На 19 февруари, Хајдер Али го нападнал бродот, но по кратка пресметка си заминал. Ова било прво борбено искуство на Нелсон.Sugden 2004, pp. 95–97

Остатокот од годината го поминал придружувајќи конвои, и продолжил да ги развива своите вештини за навигација и управување со брод. На почетокот од 1776 година, Нелсон заболел од маларија. На 14 март бил отпуштен од Морското коњче и со бродот Делфин се вратил во Англија.Sugden 2004, p. 103 Нелсон шестмесечното патување го искористил за да закрепне и кога во септември 1776 година пристигнал во Британија речиси бил опоравен. Неговиот вујко и заштитник, Саклинг, во 1775 станал контролор на морнарицата и своето влијание го искористил за да му помогне на Нелсон да добие понатамошно унапредување.Britannica 11th edition, p. 352 Нелсон беше назначен за вршител на должноста поручник на бродот „Вустер“, кој требало да оди за Гибралтар.Sugden 2004, p. 106

Вустер, под команда на капетанот Марк Робинсон, на 3 декември заминал за Гибралтар како придружба на конвој и се вратил со друг конвој во април 1777 година.Sugden 2004, pp. 109–11 На 9 април, Нелсон во Лондон го положил испитот за поручник, а следниот ден добил провизија и следниот ден ја добил својата задача во „Ловестоф“, кој требало да оди за Јамајка, под команда на капетанот Вилијам Локер.Sugden 2004, p. 113 Бродот испловил на 16 мај, и по пристигнувањето на 19 јули крстарел по Карибите. По избувнувањето на Американската војна за независност, Ловестоф заробил неколку брода, е еден од нив бил ставен во служба на морнарицата под името „Малата Луси“. Нелсон побарал и му била одобрена командата на овој брод и го однел на две крстарења.Sugden 2004, p. 126

За време на неговото прво крстарење како командант на Малата Луси, Нелсон повел експедиција на островите Кајкос,White 2006, p. 87 каде што направил детални белешки за дивиот свет. Локер, импресиониран од вештините на Нелсон, го препорачал на новиот врховен командант на Јамајка, Сер Питер Паркер. Паркер го зел Нелсон на својот брод „Бристол“.Sugden 2004, p. 128 Откако Французите се приклучиле во војната на страна на Американците, многу други бродови станале цел на флотата на Паркер. До крајот на 1778 година, заробиле многу бродови, а Нелсон со тоа заработил околу 400 фунти (околу 52.100 денешни фунти) како парична награда. На 8 декември Паркер го назначил Нелсон за господар и командант на бриганскиот брод „Јазовец“ (HMS Badger).Sugden 2004, p. 131

Нелсон поголемиот дел од 1779 година го поминал на „Јазовец“ крстарејќи покрај брегот на Средна Америка, по британските населби во Британскиот Хондурас (денешен Белиз) и Никарагва, но не успеал да пресретне непријателски бродови.Sugden 2004, p. 135 Кога се вратил во Порт Ројал, дознал дека Паркер на 11 јуни го унапредил во пост-капетан. Додека Нелсон чекал да пристигне неговиот нов брод Хинчинбрук (Hinchinbrook) кој бил одземен од Французите, му го предал Јазовец на Катберт Колингвуд.Goodwin 2002, p. 81 Тогаш пристигнала веста дека француската флота напредува кон Јамајка. Паркер ја организирал одбраната и го поставил Нелсон на чело на Форт Чарлс, кој ги покривал приодите кон Кингстон.Sugden 2004, p. 143 Но француската флота скршнала на север, и немало напад. Нелсон на 1 септември ја презел командата на Хинчинбрук.Sugden 2004, p. 145

Хинчинбрук на 5 октомври 1779 година испловил од Порт Ројал и, со многу други британски бродови, продолжил да заробува американски бродови.Sugden 2004, p. 147 Кога во декември се вратил во Јамајка, Нелсон повторно го мачела маларија. Нелсон останал во Западните Инди за да учествува во обидот на Џон Далинг да ги заземе шпанските колонии во Средна Америка, и да ја нападне Тврдината на безгрешното зачнување, викана и Кастиљо Виехо, на реката Сан Хуан во Никарагва.Oman 1987, p. 30

Во февруари 1780 година, Нелсон како придружба за инвазивните сили на Далинг пристигнал до устието на реката Сан Хуан. По двонеделна опсада, Нелсон го освоил Кастиљо Виехо.Sugden 2004, p. 163 Британците при нивното повлекување шест месеци подоцна ја разнесле тврдината, поради многуте смртни случаи поради болест кои ги претрпиле. Нелсон бил пофален за неговото залагање.Report from Colonel Polson on the capture of the fort at San Juan.

Паркер го повикал Нелсон и му ја дал командата на фрегатата со 44 топа, „Јанус“ (HMS Janus).Sugden 2004, p. 168 Во 1780 година, во џунглите на Костарика Нелсон сериозно се разболел од нешто што изгледало како дизентерија и веројатно жолта треска и не бил во можност да ја преземе командата. Тој бил однесен во Кингстон на лечење. Во август истата година бил отпуштен и тргнал за Британија на бродот „Лав“,Sugden 2004, p. 182 каде што пристигнал кон крајот на ноември. Нелсон постепено се опоравувал во текот на неколку месеци и набрзо потоа почнал да бара команда на брод. На 15 август 1781 година ја добил командата на бродот  „Албемарл“ (Albemarle).Sugden 2004, p. 187

Команда, 1781–1796 година

Капетан на Албемарле На 23 октомври, Нелсон добил наредба да го однесе новоопремениот Албермарл на отворено море и да се приклучи на конвојот на руската компанија во Хелсингер и да ги придружува до Британија. За оваа операција Адмиралитетот под негова команда ги поставило фрегатите „Арго“ и „Претпријатие“.Sugden 2004, p. 190 Нелсон успешно го организирал конвојот и го придружувал во британските води. Откако го напуштил конвојот не можел да се врати во пристаништето, поради силно невреме.Sugden 2004, p. 195 Бурите за малку ќе го потонеле Албемарл, затоа што тоа бил лошо дизајниран брод и бил веќе оштетен во претходна несреќа, но Нелсон сепак во февруари 1782 година успеал да стигне во Портсмут.Sugden 2004, p. 197 Таму, Адмиралитетот му наредил да го прилагоди Албемарл за пловење и да се приклучи на придружбата на конвој кој се собирал во Корк и требало да плови Квебек.Sugden 2004, p. 202 Нелсон кон крајот на мај пристигнал до Њуфаундленд, а потоа се одвоил за да трага американски гусари. Нелсон не бил успешен; тој само вратил неколку заробени британски трговски бродови и успеал да зароби многу мали рибарски чамци и различни пловни објекти.Sugden 2004, pp. 204–05

Во август 1782 година, Нелсон едвај побегнал од многу помоќните француски сили под водство на Луј-Филип де Водрој.Sugden 2004, p. 206 Нелсон стигнал во Квебек на 18 септември.Sugden 2004, p. 209 Повторно бил дел од придружбата на конвој за Њујорк. По пристигнувањето (во средината на ноември) се пријавил кај адмирал Самуел Худ, командант на станицата во Њујорк.Sugden 2004, p. 215 Тој побарал од Худ да го префрли во неговата флота и да отпатуваат за Западните Инди.Sugden 2004, p. 219 По пристигнувањето, британската флота зазела позиции кај Јамајка во очекување на силите на Де Водрој. Но до почетокот на 1783 година им станало јасно дека Французите го избегнале Худ.Sugden 2004, p. 220

За време на своите извиднички операции, Нелсон направил план за напад на францускиот гарнизон на Островите Туркс. Утрото на 8 март, ги нападнал Французите,Sugden 2004, pp. 222–23 но тие биле силно утврдени и по неколку часа Нелсон се повлекол. Остатокот од војната Нелсон го поминал крстарејќи по Западните Инди, каде што заробил многу француски и шпански бродови.Sugden 2004, p. 225 Откако пристигнала веста за примирјето, Нелсон се вратил во Британија кон крајот на јуни 1783 година.Sugden 2004, p. 227

Островот Невис, брак и мир мини| Лејди Нелсон, сопругата на Нелсон, поранешна Френсис „Фани“ Низбет од островот Невис, Западна Индија . Слика на британското училиште; околу 1800 година, претходно му се припишува на Ричард Косвеј, од претходна копија Кон крајот на 1783 година, Нелсон ја посетил Франција и со познаници бил во Сен Омер; пробал да научи француски за време на престојот. Во јануари 1784 година се вратил во Англија и присуствувал во судот како дел од придружбата на Лорд Худ.Sugden 2004, pp. 241–43 Под влијание на фракционерски политичари, се кандидирал за пратеник во британскиот парламент на изборите истата година, како поддржувач на Вилијам Пит, но не добил мандат.Sugden 2004, p. 243