Маркови Кули — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кален. Претставува тврдина од доцноантичко време и средниот век.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на доминантна карпеста височина со зарамнето плато, што се наоѓа на 1 километар североисточно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се гледаат остатоци од разурнати градби. Од северозападната страна тврдината е заштитена со дебели бедемски ѕидови широки околу 1,50 метар, а од југоисточната со стрмни карпи. Вдлабнатите кружни отвори во карпите упатуваат на лежишта од конструкции на градби. Тврдината има две нивоа. Била изградена и користена во рановизантискиот период, а обновена во средниот век.
Поврзано Грамаѓе - населба и некропола од римско време; Катун - населба од среден век; Темник - некропола од хеленистичко време; Трпчева Црква - црква и населба од среден век; Св. Спас - осамени наоди од римско време; Црквиште – црква од старохристијснако време; Казан — населба од бронзеното време; Момирица — праисториска населба; Кален; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Кален