Вера Циривири - Трена (, - , ) — македонска партизанка, учесник во НОБ.
Биографиja
Рани години мини|лево|Вера Циривири на петгодишна возраст|300x300пкс На 15 години, поради болест оди на лекување во Белград и токму таму започнува нејзината политичката кариера. Во тоа време, шивачкиот дуќан на Коста Циривири, нејзиниот татко, во Белград било познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други, кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.
Вера во тоа време иако многу млада, учествувала во студентските протести. Во периодот додека живеела во Белград, Вера со мајка ѝ многу често патувале до Прилеп и назад. На тие патувања, всушност, тие од Белград носеле материјали, летоци и сè што било потребно за формирање месни комитети.
Револуционерна дејност Во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти. мини|Телото на Вера Циривири - Трена - тепана, бодена со бајонети од страна на бугарските фашисти. За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче. Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила. Вера Циривири-Трена до денес не е прогласена за народен херој.
Во нејзина чест Во нејзина чест се именувани основните училишта: ОУ "Вера Циривири Трена" во населбата Карпош во Скопје. ОУ "Вера Циривири Трена" во Дебреште. Во нејзина чест и детската градинка во Штип го носи нејзиното име.
Надворешни врски Раско Лозаноски „Шеесет години од трагичната смрт на Вера Циривири-Трена“, „Утрински Весник“ Биографија на old.prilep
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски комунисти Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски Власи