Свети Ѓорѓи — главна селска црква во гостиварското село Куново, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на крајниот јужен дел на селото Куново, изградена на една мала височина. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Храмот е завршен во 1877 година или во 1880 година на темели на многу постара црква.

Храмот бил осветен на 8 октомври 1924 година.

Архитектура

Фасадата и кровната конструкција се целосно обновени во 1994 со средства на црковниот одбор, а после неколку години е обновена и дрвената камбанарија и оградниот ѕид кој е покриен и е спасен од забот на времето.

Фрескоживопис

Познатиот зограф Аврам Дичов ги насликал фреските во црквата, кои и денес се во одлична состојба. Забележително е тоа што, наместо вообичаената претстава на Витлеемската ѕвезда, во композицијата „Рождество Христово“ зографот ја насликал шеснаесеткраката македонска Ѕвезда од Кутлеш.

Иконостас

На иконостасот се поставени 34 икони, изработени од познатиот зограф Аврам Дичов од Тресонче.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Куново

Наводи

Надворешни врски

Куново Категорија:Куново (Гостиварско) Категорија:Дела на Дебарската школа