Узана () ― зимско одморалиште и скијалиште во Бугарија. Се наоѓа во подножјето на врвот Исполин на 1.420 м надморска височина, во близина на Природниот парк Бугарка на Стара Планина. Се состои од големи ливади опкружени со шума. Висината варира од 1.220 до 1.350 м. Најдолгата патека е 1.300 м. Најблискиот голем град е Габрово, околу 22 км далеку. Одморалиштето со своите 15 хотели обезбедува туристички можности во текот на целата година.
Околните места на Узана се погодни за спелеологија, скијање, и качување по карпи. Во регионот има можности за културен туризам. Во блискиот отворен етнографски музеј Етара, луѓето можат да научат повеќе за бугарските занаети. Соколскиот манастир се наоѓа на неколку километри од Узана.
Туризмот во околината на Узана започнал во 1937 година кога на јужната страна на ливадата била изградена првата вила наречена Узана.
Узана е дом на ретки цветни видови вклучени во Црвената книга на загрозени видови.
Тоа е почетната положба на многу планински правци, како и на врвовите Шипка и Бузлуџа.
Географско средиште Узана е и географско средиште на Бугарија. Пунктот на самото географско средиште бил отворен во декември 1991 година од тогашниот претседател на Република Бугарија – д-р Жељу Желев. Од 2008 година, местото е вклучено во Националното туристичко движење „100 туристички места на Бугарија“ на број 19, заедно со Архитектонско-етнографскиот комплекс Етар, Националниот музеј за образование и Куќата на хуморот и сатирата.The Geographic centre of Bulgaria
Поврзано
Природен парк Бугарка Архитектонско-етнографски комплекс Етар Габрово Споменик на слободата (Шипка) Превој Шипка Национален парк Централен Балкан
Наводи
Надворешни врски
Информативен центар Узана Туристички информации за Бугарија Општина Габрово Категорија:Скијачки центри во Бугарија Категорија:Стара Планина Категорија:Габрово (област)