Зелден е општина во Тирол, Австрија.

Географија Со површина од 467 km2 Зелден е најголемата општина во Австрија. Зелден има 3.449 (2003 година) постојани жители, но има капацитети во кои може да се сместат 15.000 туристи. Годишно во Зелден се реализираат преку 2 милиони ноќевања, и според тоа, таа е трета најпопуларна австриска туристичка дестинација (по Виена и Салцбург).

Селото Зелден се наоѓа на надморска височина од 1368 метри, а селото Хоксолден на 2090 метри, каде што има 5 хотели со четири ѕвезди. Највисок врв е Вилдшпице со 3768 метри, втор највисок врв во Австрија, по Гросглокнер.

Оцталскиот леднички пат е вториот највисок поплочен пат во Европа. По тој пат од Зелден се оди до ледникот Ретенбах и ледниците Тиефенбахфернер во Ецталските Алпи.

Скијачки центар Зелден е исто така популарен скијачки центар и тука редовно се одржуваат првите трки од Светскиот куп во сезоната; трката во велеслалом во двете конкуренции (мажи и жени) најчесто се закажува кон крајот на октомври на ледникот Ретенбах. Трките во октомври 2016 година започнале на 3040 метри (н.в) и завршиле на 2670 метри, вертикален пад од 370 метри.FIS-ski.com - World Cup - Sölden - women's GS - 2nd run results - 2016-10-22FIS-ski.com - World Cup - Sölden - men's GS - 2nd run results - 2016-10-23

Наводи

Надворешни врски

Soelden.com - официјално мрежно место за туристите Ски-Австрија - Скијање во Зелден

Категорија:Скијачки центри во Австрија Категорија:Координати на Википодатоците