Котантен (, ) познат и како Шербуршки Полуостров — полуостров во Нормандија која е дел од северозападниот брег на Франција. Се протега во Ла Манш кон Велика Британија. На запад од него се наоѓаат Каналските Острови, а на југозапад се наоѓа полуостровот Бретања. Полуостровот Котантен е дел од Арморискиот масив  (со исклучок на низинскиот дел кој што лежи во Парискиот Басен) и се наоѓа помеѓу устието на реката Вире и заливот Мон Сен Мишел.

Името го добил по градот Кутанс, кој пак е именуван по императорот Констанциј Хлор. Животот на Котантен од 19 век е тематика на многу романи на Барбе д'Оревили.

Население Најголем град на полуостровот е Шербур на Котантен, најголемо пристаниште на северниот брег на Франција, со население од околу 120.000 жители. На полуостровот живеат вкупно околу 250.000 луѓе

На територијата на полуостровот се наоѓаат и следните населби:

Сен Ло Кутанс Гранвил Валоњи Турлавил Картер Карантан Сен-Ва-ла-Хуг Барфлер

Наводи

Категорија:Полуострови во Франција Категорија:Географија на Нормандија Категорија:Манш