Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Коџалија; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Коџалија, составен дел на истоименото училиште во Радовиш, Општина Радовиш.

Училиштето е именувано по македонскиот јазичар Крсте Петков Мисирков.

Местоположба Училиштето се наоѓа во крајниот јужен дел од селото и до него води исклучување на левата страна од патот непосредно пред влезот во селото.

Настава Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.„ООУ Крсте Петков Мисирков — Радовиш “. Општина Радовиш.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Коџалија Категорија:Коџалија