thumb|Теџал Десаи Теџал Ашвин Десаи (, р. 3 јуни 1972) — американски научник и просветител . Таа ќе биде вториот декан на Школата за инженерство при Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Претходно, Десаи беше професор во Одделот за биоинженерство и терапевтски науки на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско, каде пристигна во 2006 година. Таму, таа исто директоруваше со иницијативата „Здравствени Иновации преку Инженерство“ (HIVE, ) и раководеше со Лабораторијата за терапевтска микро- и нанотехнологија . Десаи меѓу 1998-2001 година беше доцент на Илиноискиот универзитет во Чикаго, а потоа меѓу 2002-2006 година беше вонреден професор на Бостонскиот универзитет во Масачусетс.

Десаи има напишано барем една книга во областа на терапевтската микро- и нанотехнологија и уште една книга за биоматеријали.

Образование Десаи дипломираше во 1994 година на програмата за биомедицинско инженерство при Брауновиот универзитет. Веднаш потоа ги започна докторските студии на Одделот за биоинженерство при Калифорниските универзитети, Сан Франциско и Беркли. Таму нејзин ментор беше Мауро Ферари. Десаи се здоби со звањето доктор на науки во 1998 година.

Награди и признанија Десаи е добитник на бројни признанија за нејзината истражувачка работа. Исто така, таа е наградена за нејзините напори за инклузивност и еднаквост во техничките и природните науки. Меѓу најбитните признанија на Десаи се вбројуваат: Член на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство (2012) Член на Друштвото за биомедицинско инженерство Член на Националната академија за медицина на САД Член на Националната академија за иноватори на САД Награда „Џудит Пул“ од Севернокалифорниската Асоцијација на жени научнички Награда на Канцеларот на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско за напредок на жените

Меѓу 2020-2022, Десаи беше претседател на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство . Таа оваа позиција ја искористи да се залага за повеќе вложување во науката и решавање на нерамноправноста во работната сила во научната и инженерската струка.

Лични податоци Десаи е мажена и има три деца .

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Американци Категорија:Американски научници Категорија:Американски инженери Категорија:Американски нанотехнолози Категорија:Апсолвенти на Брауновиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет, Беркли Категорија:Професори на Илиноискиот универзитет во Чикаго Категорија:Професори на Бостонскиот универзитет Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет, Сан Франциско Категорија:Професори на Брауновиот универзитет Категорија:Членови на Американскиот институт за медицинско и биолошко инженерство Категорија:Школа за инженерство (Браунов универзитет) Категорија:Браунов универзитет