Бурилчевски Рид — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Дренак. Претставува населба од доцноримското време. Се наоѓа на 2 км северно од селото, на поголем дел од просторот што е сопственост на земјоделската задруга од Пробиштип. При обработувањето на земјата биле откриени темели од повеќе објекти, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл.). Најдена е и една добро зачувана надгробна стела која е сместена во дворот на гимназијата во Пробиштип.

Поврзано

Дренак; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско.

Наводи