Владислав Ковачев, познат и како Славчо Ковачев ( - ) ― скопско-штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација, пламен приврзаник на една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица.

Биографија мини|лево|Четата на Владислав Ковачев, 1903 година. По завршувањето на Военото училиште во Софија, се вклучил во македонското револуционерно движење. Бил противник на врховизмот на генерал Цончев. Со својата чета водел борби против врховистите во Македонија. Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско.

По востанието се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија. Бил уредник на весникот „Автономна Македонија“ каде остро ги разобличувал непријателите на ослободителното дело на македонскиот народ и оние што довеле до безмилосното распарчување на Македонија. Ковачев бил убиен среде бел ден од страна на автономистичката ВМРО и платениците на Ванчо Михајлов во текот на Горноџумајските случувања.

Надворешни врски Автономна Македонија

Наводи

Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски публицисти Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Учесници во Мелничкото востание