Градиште — археолошко наоѓалиште кај пробиштипското село Лезово. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на 1,5 км северозападно од селото, на еден висок рид со доминантна местоположба. На врвот, кој претставува зарамнето плато, се гледаат остатоци од одбранбен бедем. Во внатрешноста на градиштето има темели од повеќе мали објекти. Најдени се и монети од Јустинијан I.

Поврзано

Лезово; Список на археолошки наоѓалишта во Пробиштипско.

Наводи