Влашки Пат — археолошко наоѓалиште во неготинското село Горни Дисан. Претставува утврдена населба од доцноантичко време и среден век. На источната страна, веднаш над селото, на десниот брег на Дисанска Река, на една височинка со зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и множество градежен материјал.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско

Наводи