Сандер Сагосен (роден на 14 септември 1995 г.) — норвешки ракометар кој игра за Кил и за норвешката репрезентација.EHF profile

Тој претходно играл за Колштад, Хаслум, Алборг и Париз Сен-Жермен.

Сагосен е сопственик на рекордот за најмногу постигнати голови на едно Европско првенство. Тој на Европското првенство 2020 постигнал 65 голови, со што го надминал рекордот на Кирил Лазаров од 61 гол постигнат на Европското првенство 2012.Норвешка го освои третото место, Сагосен го урна рекордот на Кире Лазаров mkd.mk; 25 јануари 2020

Трофеи Бундес лига: : 2020–21 Француско првенство: : 2017–18, 2018-19, 2019-20 Данско првенство: : 2016–17 Светски првенства: : 2017, 2019 Европски првенства: : 2020 ЕХФ Лига на шампиони: : 2019–20

Поединечни награди Handball-Planet – Најдобар светски ракометар: 2018 Најдобар лев бек на Светско првенство: 2017, 2019 Најдобар лев бек на Европско првенство: 2020 Најдобар среден бек на Европско првество: 2016, 2018 Најдобар стрелец на Европско првенство: 2020 (65 голови) Најдобар лев бек во Лигата на шампионите: 2019–20 Најдобар среден бек во Лигата на шампионите: 2017–18 Најдобар стрелец во данското првенство: 2016–17 Најдобар млад светски ракометар во сезоната 2014/2015 (од страна на порталот Handball-Planet.com) Најдобар млад светски ракометар во сезоната 2015/2016 (од страна на порталот Handball-Planet.com) Најдобар млад светски ракометар во сезоната 2016/2017 (од страна на порталот Handball-Planet.com)

Личен живот Тој е во врска со поранешната норвешка ракометарка Хана Бредал Офтедал.

Наводи

Надворешни врски Сандер Сагосен на Европската ракометна федерација Сандер Сагосен на Норвешката ракометна федерација

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки ракометари