мини|Никола Медведев, Вуков сабор 1984 година (прв ред, среден) Вуков сабор е најстара и најмасовна културна манифестација во Србија. Посветена е на негување на споменот на животот и делото на реформаторот на српскиот јазик Вук Стефановиќ Караџиќ. Централната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно мест Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира воу Лозница, Белград и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување.
Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.
Историја Првиот Вуков сабор е одржан во 1933 година и од тогаш не е одржан единствено за време на Втората светска војна. Одржавањето на Вуковиот сабор за жителите на Тршиќ и околните села е време кога пријателите и роднините од другите краеви им доаѓаат на гости, како што тоа се прави и на селските слави, и заедно учествуваат во програмата во рамки на Саборот.
Реден број Година Датуми Беседник на централната манифестација 78 2011 Ангела Рихтер 79 2012 Ранко Рисојевиќ 80 2013 Душан Ковачевиќ 81 2014 Драган Станиќ 82 2015 Бошко Сувајџиќ 83 2016 Светислав Божиќ 84 2017 Александар Вучиќ 85 2018 Вељко Брбориќ 86 2019 Емир Кустурица 87 2020 Јанко Вујиновиќ
Програма на манифестацијата Централната програма традиционално се одржува во септември во вуковото родно место Тршиќ кај Лозница. Дел од програмата се реализира во Лозница, Београд и блискиот манастир Троноша, место на раното вуково школување. Програмата на Вуковиот сабор опфаќа тематски изложби, театарские претстави, концерти, литературни и филмски вечери, промоции на книги и слични приредби.
Централна манифестација Централната манифестација се одржува на сабориштето, на отворена сцена во Тршиќ, и традиционално почнува со изведување на „Химна на Вук” (српски јазик: „Химне Вуку”) на Стеван Мокрањац и со подигање на знамето на саборот. Следат поздравниот говор на претседателот на градот Лозница и саборска беседа на некој истакнат книжевник, уметник или научник. Потоа се изведува избраното музичко-сценско дело. На крајот настапуваат фолклорните ансамбли.
Сабориште
Сабориштето денес претставува единствен музеј на народно неимарство на отворено, на кој покрај гледалиштето и театарот, во форма на амфитеатар, поставени градби кои потекнуваат од 19 век или почетокот на 20 век.
Организатори Организатори на саборот се Центарот за култура „Вук Караџиќ” и градот Лозница, под покровителство на Министерство за култура и информирање на Република Србија.
Нематеријално културно наследство Локалната заедница имала голема улога во осмислување на програмата на оваа манифестација, поради што таа сочинува дел од идентитетот на местото Тршиќ, во околина на градот Лозница во западна Србија. Вуковиот сабор е сместен во Националниот регистар на нематеријално културно наследство на Србија.
Поврзано Сабориште во Тршиќ Сабор (манифестација) Нематеријално културно наследство
Наводи
Литература
Надворешни врски Центар за културу „Вук Караџић“
Категорија:Манифестации во Србија Категорија:Туристички атракции во Србија Категорија:Нематеријално културно наследство на Србија Категорија:Вук Стефановиќ Караџиќ Категорија:Српска култура