Чифте амам (Бегов амам или Хуршиде амам) — поранешен турски амам во градот Тетово, денес дом на Уметничката галерија на градот. Се вбројува меѓу најголемите знаменитости во градот и прогласен е за културно наследство на Македонија.

Амамот е класичен пример за османлиската архитектура. Изграден е на левиот брег на реката Пена на крајот од XV до почетокот на XVI век и сместен спроти Шарената џамија, на патот од Тетово за полошките села. Подигнат е од Мехмед Челеби, син на Исак-бег.

Изграден е од делкан камен, варовник и тулни украси својствени на периодот. Претставува типична симетрична двојна бања, од каде го добила името чифте. Влезот е од исток и е засводен. Прозорци има само во соблекувалната. Градбата има две големи и две мали куполи. Различната големина на куполите ја разбива еднообразноста на објектот. Првата купола е седумаголна, а секој агол има кружен отвор преку кој влегува светлина. Амамот е украсен со пластични и камени елементи — добро исполнети прекршени лакови и убави венци на куполите.

Амамот низ вековите е обновуван на многу наврати, но сепак го зачувал изворниот изглед. Последната реставрација е извршена од 2005 до 2007 г. и потоа амамот станал уметничка галерија.

Поврзано Уметничка галерија - Тетово Шарена џамија

Наводи

Надворешни врски

Беговиот амам - Тетово , Културна мапа Чифте Амам на градот , Општина Тетово

Категорија:Знаменитости во Тетово Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Поранешни бањи во Македонија