Енвер Аливодиќ (роден на 27 декември 1984 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како играч од средниот ред.
Клупска кариера
Раните години Аливодиќ започнал да игра фудбал во неговиот роден клуб Нови Пазар од истоимениот град, дебитирајќи за сениорската екипа во 2001 година. Тој поминал одредено време како позајмен играч во екипата на Раднички од Ниш (2002 година), пред да се пресели во тимот на Чукарички во летото 2004 година. Во својата дебитантска сезона во клубот на Чукарички, Аливодиќ постигнал три гола во вкупно 27 настапи во првата лига, но не успеал да го спаси клубот од испаѓање од првата српска лига. Во тимот на Чукарички останал да игра уште две години, иако тимот бил второлигаш, пред да се врати во својот матичен клуб Нови Пазар.
Во зимскиот преоден рок во 2009 година, Аливодиќ бил префрлен да настапува во втората српска лига во тимотБСК Борча, помагајќи му да добие статус на тим кој ќе настапува во српската Суперлига. Аливодиќ постигнал хет-трик (три гола на еден натпревар) во победата од 4:0 над тимот на Инѓија и тоа на 9 април 2011 година.
Во летото 2011 година, Аливодиќ преминал да настапува во странство во кипарскиот клуб Енозис Неон Паралимни. Тој за овој клуб настапувал во сезоната 2011-12, помагајќи им да го избегнат испаѓањето од првата лига. Набргу потоа Аливодиќ се вратил повторно во тимот на Нови Пазар.
Војводина На 18 јануари 2013 година, Аливодиќ потпишал двегодишен договор со клубот на Војводина од Нови Сад. Својот прв настап за клубот го имал на 27 февруари, играјќи цели 90 минути во победата од 2:1 на гости против екипата на Смедерево. Три дена подоцна, на 2 март, Аливодиќ го постигнал својот прв гол за тимот, постигнувајќи го првиот гол во домашната победа од 2:1 над екипата на Спартак од Суботица. Аливодиќ, исто така има постигнато гол во победата од 2:1 против тимот на Партизан на 7 април истата година. Подоцна тој учествувал во финалето на Купот на Србија 2012-13, бидејќи неговата Војводина играла против тимот на Јагодина. Овој натпревар екипата на Војводина го загубила со 1:0. Подоцна постигнал гол во победата од 3:0 над тимот на Црвена ѕвезда од Белград. Оваа победа била последниот натпревар од лигашкиот дел од Српската Суперлига 2012-13. Таа сезона Војводина завршила како третопласирана екипа во првенството на Србија.
На 11 јули 2013 година, Аливодиќ го постигнал својот прв гол во сезоната во победата на домашен терен со 3:2 над малтешкиот тим Хибернианс, во реваншот од првото квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2013-14. Тој подоцна постигнал гол во реваншот од следното коло, кога Војводина славела победа со 3:1 на гостувањето против тимот на Хонвед од Будимпешта во Република Унгарија. Во српската Суперлига 2013–14 година Аливодиќ бил еден од двајцата најдобри стрелци на тимот со вкупно постигнати пет гола. Првиот гол воКупот на Србија 2013-14 Аливодиќ го постигнал во финалето против тимот на Јагодина.Овој натпревар го победил тимот на Војводина со резултат од 2:0.
За време на престојот на стадионот Караѓорѓе во Нови Сад, Аливодиќ одиграл вкупно 73 натпревари и постигнал 19 гола во сите рангови на натпреварувања.
Њукасл Џетс- Австралија Во февруари 2015 година, Аливодиќ по втор пат се преселил во странство кога приклучил на клубот од А-лигата Њукасл Џетс (Австралија). Тој својот прв натпревар за тимот го имал во ремито 0:0 на домашен терен со екипата на Централ Коуст Маринерс, влегувајќи како замена за фудбалерот Радован Павичевиќ. На 21 март 2015 година, Аливодиќ го постигнал својот прв гол за тимот на Џетс, отворајќи го резултатот во победата на неговиот тим од 2:1 на гостувањето против екипата на Вестерн Сиднеј. На крајот од сезоната потпишал едногодишно продолжување на договорот со клубот. Тоа се случило во април 2015 година. Во својата втора сезона во Њукасл, Аливодиќ пропуштил само еден натпревар во лигата, одиграл 26 натпревари и постигнал два гола.
Подоцнежните години Во јули 2016 година, Аливодиќ се вратил во Нови Пазар и веднаш бил назначен за капитен. Тој бил најдобар стрелец на тимот во првата половина од Српската Суперлига 2016–17, постигнувајќи шест гола во вкупно 19 натпревари. Во јануари 2017 година, Аливодиќ потпишал шестмесечен договор со Суперлигашкиот клуб Напредак од Крушевац. Таму останал до крајот на годината.
На почетокот на 2018 година, Аливодиќ се преселил во странство и тоа по трет пат. Овојпат се приклучил на грчкиот клуб Аполон Смирни. Се појавил само на два натпревари пред да се врати во клубот на Напредак од Крушевац и тоа за сезоната 2018-19. Во август 2019 година, Аливодиќ по речиси три години повторно му се придружил на својот прв и матичен клуб Нови Пазар.
По сезоната 2019/2020, Аливодиќ се повлекол од професионалниот фудбал на 35 години возраст.
По пензионирањето, Аливодиќ со семејството се преселил да живее во Данска, бидејќи неговата сопруга и децата имале дански пасоши. Неговата сопруга била израсната во таа држава. Во 2020 година, Аливодиќ играл за данскиот аматерски клуб Хорсенс ФС, а подоцна во март 2021 година се преселил во друг аматерски дански клуб - клубот на Хорсенс Јунајтед.Scoop: Serie 3-klub henter serber med flot CV, bold.dk, 9 March 2021
Меѓународна кариера (репрезентација) На 29 јануари 2017 година, Аливодиќ го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Саша Јовановиќ во нерешениот натпревар без голови против репрезентацијата на Соединетите Држави во градот Сан Диего. Со тоа тој станал најстариот играч кој дебитирал за репрезентацијата на Србија со 32 години, еден месец и два дена.
Статистика
Клуб
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНови Пазар2007–0820300—2032008–0917410—184Вкупно37710—387БСК Борча2008–0915200—1522009–10292—2922010–1128410—294Вкупно72810—738Енозис Неон Паралимни2011–12290—290Нови Пазар2012–1315521—176Војводина2012–1313530—1652013–1428562824292014–151231121155Вкупно53131031037319Њукасл Џетс2014–159200—922015–1626210—272Вкупно35410—364Нови Пазар2016–1719610—206Напредак Крушевац2016–1716200—1622017–1822722—249Вкупно38922—4011Аполон Смирни2017–182000—20Напредак Крушевац2018–1933321—354Вкупно во кариерата3335520710336365
Меѓународни натпревари Репрезентација Година Натпревари Голови Србија 2017 година 1 0 Вкупно 1 0
Одликувања и признанија
Клуб
БСК Борча Квалуфикување во Српска прва лига: 2008–09
Војводина Освоен е Куп на Србија: 2013–14
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Српски фудбалери