Армин Ѓерлек (роден на 15 јули 2000 година) е професионален српски фудбалер кој моментално игра за словенечкиот клуб Алуминиј.

Клупска кариера

Почетните години Армин Ѓерлек е роден во Нови Пазар. Тој почнал да игра фудбал во локалната академија по име „АС“ уште на 7-годишна возраст. Четири години подоцна се преселил во екипата на Пазар Јуниорс. Во едно интервју направено во 2017 година, тој се присетил дека 28 јануари 2011 година, неговиот дедо го однел на првиот тренинг. Играјќи во академијата на клубот до 2015 година кога ја напуштил, тој бил прогласен за еден од најдобрите младински перспективни играчи во Србија. Ѓерлек во летото 2015 година на 15 годишна возраст преминал во екипата на ОФК Белград, склучувајќи го својот прв тригодишен професионален договор. По краток период и тоа во 2017 година тој морал да поднесе обвинение против тимот за неисплатени плати (го тужел клубот за неисплатени плати). По тој немил настан бил приморан да го напушти клубот на ОФК Белград како слободен играч. Подоцна во месец март, било објавено дека тој преминува во клубот на Партизан. Претходно бил означен како еден од пиковите на најголемиот ривал клубот на Црвена ѕвезда од Белград.

Партизан На 28 април 2017 година, Ѓерлек потпишал тригодишен договор со клубот на Партизан, кога и официјално бил промовиран од страна на директорот за фудбал на клубот, Ивица Илиев. Тој ја минал летната претсезона со првиот тим, но не успеал да настапи на ниту еден официјален натпревар со клубот до крајот на 2017 година. Во февруари 2018 година, Ѓерлек се приклучил на првиот тим под водство на тренерот Мирослав Ѓукиќ, меѓу група млади играчи кои импресионирале за време на зимскиот одмор. Одлучил да го носи дресот со број 44. Својот прв официјален натпревар за клубот на Партизан го имал во 23то коло од сезоната 2017-18 во српската Суперлига. Тоа бил натпреварот одигран на 18 февруари 2018 година на гостински терен против тимот на Младост Лучани. Натпреварот завршил со победа на екипата на Партизан од 2:1. Ѓерлек својот прв натпревар од Вечното дерби го имал на 14 април 2018 година, откако одиграл 57 минути од натпреварот. Тој бил заменет од Зоран Тошиќ во второто полувреме. Натпреварот завршил со пораз на тимот на Партизан од 2:1. На 23 мај 2018 година Ѓерлек го освоил својот прв трофеј со Партизан по победата со 2:1 над клубот на Младост од Лучани во натпревар од Купот на Србија. Во летото 2018 година, откако фудбалерот Габриел Еначе се приклучил на клубот и го земал дресот со број 44, Ѓерлек решил да го носи дресот со број 8 кој претходно бил на грбот на Владимир Ѓилас. Ѓерлек својот прв натпревар на европско ниво за клубот на Партизан го одиграл на 19 јули 2018 година во победата од 3:0 над црногорската екипа Рудар Пљевља.

Сиваспор На 5 август 2019 година, Ѓерлек потпишал петгодишен договор воТурската Супер лига за тимот на Сиваспор.

Репрезентација Во 2014 година, Ѓерлек бил повикан во Српската фудбалска репрезентација до 15 години под водство на тренерот Марко Митровиќ. Тој на 9 декември 2014 година постигнал гол во првиот натпревар за тимот против репрезентацијата на Црна Гора. Исто така, постигнал гол против репрезентацијата на Холандија на 11 февруари 2015 година. Подоцна, тој продолжил да игра со српската селекција до 16 години. Помеѓу 2015 и 2016 година, постигнал голови во натпреварите против екипите на Полска и Македонија, а на натпреварот против Црна Гора на 10 јуни 2016 година, Ѓерлек постигнал таканаречен хет трик. Исто така постигнал гол на 8 декември 2015 година на неговиот прв натпревар за српската екипа за У17 против селекцијата на Унгарија. Бил капитен на тимот до летото 2017 година, помагајќи ѝ на репрезентацијата да се квалификува на УЕФА Европското првенство за играчи до 17 години во 2016 година и 2017 година. Во декември 2017 година, тренерот Перица Огњеновиќ го повикал Ѓерлек во Српската фудбалска репрезентација до 18 години за турнирот во Израел. Својот прв натпревар за таа возрасна група го имал на 11 декември во поразот од 1:0 против домашната селекција на Израел. Ѓерлек настапил и на натпреварот против репрезентацијата на Германија следниот ден.

Стил на играње Со своите 173 см. Ѓерлек обично играл како офанзивен играч за врска. Во играта ги користел двете нозе подеднакво со што имал одлична позиција за шут кон голот од повеќе агли. Се одликувал како креативен плејмејкер со силно темпо на игра. Имал добра контрола на топката и одлична визија за играта. Тој бил опишан и како класичен број 10 во формација 4-2-3-1, со лидерски и капитенски улоги. Поради неговиот стил на игра списанито Гардијан го споредил со фудбалерот Еден Азар како и со неговиот сонародник играчот Адем Љајиќ.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварување Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Партизан 2017–18 Српска Суперлига 10 0 4 0 - - 14 0 2018–19 12 0 3 1 3 0 - 18 1 Вкупно 22 0 7 1 3 0 - 32 1

Признанија

Клупски признанија

Партизан

Освоен е Купот на Србија: 2017–18

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2000 година