мини|342x342пкс|Ѓукиќ како тренер во Партизан во 2017 година Мирослав Ѓукиќ (роден на 19 февруари 1966 година) е поранешен српски фудбалер кој играл во одбранбената линија како либеро. По професионалната кариера тој работел и како тренер.

Тој поминал 14 години од својата професионална кариера во Шпанија, играјќи во тимовите на Депортиво Ла Коруња и Валенсија. Во овие два клуба тој одиграл вкупно 368 натпревари во Ла Лига, а притоа постигнал 11 гола. Со двата тима Ѓукиќ имал освоено 6 големи титули.

Мирослав Ѓукиќ за репрезентацијата на СР Југославија играл на едно Светско и на едно Европско првенство. По пензионирањето, тој започнал тренерска кариера на клупско и на меѓународно (репрезентативно) ниво.

Играчка кариера

Клупска кариера Мирослав Ѓукиќ е роден во градот Шабац во Социјалистичка Република Србија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ја започнал својата играчка кариера со клубот на ФК Мачва од Шабац. Подоцна во 1988 година преминал во Белград во екипата на ФК Рад и покрај тоа што бил објавен интерес од двата национални фудбалски гиганти ФК Партизан и ФК Црвена ѕвезда од Белград.

Во средината на деведесетите години, Ѓукиќ потпишал за екипата на Депортиво од А Коруња (Ла Коруња) во Шпанија. Цената која била платена во 1990 година за него била 40 милиони шпански пезети. Се појавил само на пет првенствени натпревари за Галисијаните во неговата прва сезона, која завршила со промоција на тимот во Ла Лига. Од тогаш па натаму, Ѓукиќ бил неприкосновен стартер во тимот, никогаш не бил под 35 натпревари во сезона и 3.000 минути игра во пет последователни сезони.

На 14 мај 1994 година, во последното коло во лигата, на домашен терен против екипата на Валенсија ЦФ, Ѓукиќ промашил пенал во последната минута од натпреварот. Натпреварот завршил со резултат од 0:0. Вообичаениот играч кој изведувал пенали Донато Гама да Силва веќе бил заменет, а втората опција фудбалерот Бебето одбил да ја преземе одговорноста, бидејќи на претходните натпревари не успеал да реализира удар од белата точка. Како резултат на тоа, екипата на ФК Барселона била крунисана за шампион таа сезона. Мирослав Ѓукиќ ја напуштил Ла Коруња на крајот на 1996-97 кога имал 31-година, бидејќи неговиот договор не бил обновен.

Подоцна Мирослав Ѓукиќ ѝ се приклучил на екипата на Валенсија. Бил сартер во сите првенствени натпревари во првите три сезони, во кои настапувал, помагајќи му на клубот да стигне до две последователни финалиња во Лигата на шампионите на УЕФА. Во двата финални натпревари екипата на Валенсија била поразена. Подоцна, во 2002 година Ѓукиќ како резервен играч одиграл 16 натпревари за Валенсија, а клубот го освоил првото државно првенство на Шпанија по пауза од цели 31 година.

Мирослав Ѓукиќ се вратил во Сегунда Дивизион по 12 последователни години поминати во првата лига. Во втората лига настапувал за клубот на ЦД Тенерифе. Својата професионална кариера ја завршил на 38-годишна возраст, откако настапил на точно 400 натпревари во шпанската лига (во двете големи нивоа првата и втората лига).

Репрезентација Ѓукиќ својот прв настап за репрезентацијата на Југославија го одиграл на 27 февруари 1991 година, во пријателскиот натпревар кој завршил со резултат од 1:1 против репрезентацијата на Турција во градот Измир. Тој продолжил да игра за селекцијата на својата земја и настапил на вкупно 48 натпревари постигнувајќи два гола. Играл за новоформираната репрезентација на СР Југославија на УЕФА ЕВРО 2000 (ги одиграл сите натпревари и минути за тимот кој стигнал до четврт-финалната фаза).

Ѓукиќ бил член на тимот што се натпреварувал на Светското првенство во фудбал во Франција во 1998 година, но не настапувал поради повреда.

Тренерска кариера

Клупска тренерска кариера На 23 јануари 2007 година, Ѓукиќ бил именуван за главен тренер на клубот на Партизан. На крајот од сезоната бил избран за Тренер на годината. На 11 јуни 2009 година потпишал за клубот на РЕ Мускрон во Белгија, заменувајќи го Енцо Шифо, на тренерската позиција. Тимот на Мускрон се натпреварувал во Про лигата. Кога пристигнал Ѓукиќ во новиот клуб му се придружиле поранешните соиграчи од Валенсија, Амедео Карбони и Хуан Санчес Морено, едниот бил спортски директор, а другиот технички директор. Но, многу брзо сите тројца заминале од клубот, бидејќи екипата на Мускрон навлегла во сериозни економски проблеми.

Кон крајот на месец март 2011 година, Ѓукиќ станал тренер на екипата на Херкулес ЦФ откако тренерот Естебан Виго бил отпуштен. Неговиот прв натпревар на чело на новиот клуб бил во победата со резултат од 3:1 на гостински терен против составот на Реал од Сосиедад, но сепак Валенсијанците на крајот од сезоната доживеале испаѓање во понизок ранг.

На 6 јули 2011 година, Ѓукиќ бил назначен за тренер на друг второлигаш, согласувајќи се на тригодишен договор со екипата на Реал од Ваљадолид. На почетокот на јуни 2013 година, откако Ѓукиќ го донел клубот до промоција во својата прва сезона во Ла лига и по освоеното 14 место во наредната сезона, тој решил да замине од клубот за да го замени тренерот Ернесто Валверде во поранешниот негов клуб Валенсија.

Ѓукиќ бил ослободен од своите должности на 16 декември 2013 година, по осмиот пораз на тимот во сезоната, со резултат од 0:3 од екипата на Атлетико од Мадрид. Подоцна, на 20 октомври 2014 година, Ѓукиќ бил назначен за нов тренер на ФК на Кордоба, наследувајќи го Алберт Ферер на клупата.

На 23 јануари 2017 година, Ѓукиќ станал главен тренер на тимот на Ал Шабаб, но бил принуден да го напушти откако клубот се споил со екипата на Ал Ахли по што се формирал нов клуб со име Шабаб Ал Ахли.

Во јуни 2017 година, тој се вратил во екипата на Партизан откако го заменил тренерот Марко Николиќ кој заминал во екипата на Видеотон ФК. За време на неговиот втор престој на стадионот на Партизан, тој дал неколку контроверзни изјави, почнувајќи од март 2018 година кога употребил вулгарности на прес-конференција, велејќи дека тој „е роден во ебаниот Штитар, а не во сончевата Валенсија “ и дека е „клошар како сите кои биле до него во моментот“. Во мај изјавил „ако Марко Јанковиќ успее да го совлада Црногорецот во него, тој ќе биде голем играч“; а пак во јули изјавил дека членовите на тимот на ФК Тракаи се „Индијанци со пердуви“.

Ѓукиќ на 22 декември 2019 година се вратил во шпанската втора лига преземајќи го кормилото на екипата на Спортинг од Хихон. По крајот на сезоната во месец јули и освоеното 13-то место, тој бил заменет со тренерот Дејвид Галего.

Меѓународна (репрезентативна) кариера Ѓукиќ ја добил својата тренерска лиценца во Шпанија и ја започнал својата нова тренерска кариера со селекцијата на Србија до 21 година, која ја водел до финалето на Европското првенство на УЕФА во 2007 година, кога загубил од домаќинот селекцијата на Холандија. Овој резултат бил по драматичните квалификации за плеј-офот (0:3 на домашен терен и пораз од селекцијата на Шведска, а подоцна проследено со победа од 5:0 на гостински терен).

На 19 декември 2007 година, Ѓукиќ одлучил да не го продолжи својот истечен договор со клубот на Партизан. Тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Србија. Функцијата ја напуштил многу брзо, на 19 август следната година без да одигра никакви официјални натпревари. Тоа се случило поради различни проблеми со Фудбалскиот сојуз на Србија.

Статистика во кариерата

Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација по години Репрезентација Година Натпревари Голови Југославија 1991 година 2 0 1992 година 0 0 1993 година 0 0 1994 година 2 0 1995 година 1 0 1996 година 5 0 1997 година 11 1 1998 година 6 0 1999 година 7 0 2000 година 7 0 2001 година 7 1 Вкупно 48 2

Забелешка: Во 1993 година Репрезентацијата на Југославија била забранета и избришана од меѓународниот фудбал. Во 1994 година, репрезентацијата на СР Југославија станала наследник на селекцијата на поранешната СФР Југославија.

Тренерска статистика

+Тренерски резултат по различни тимови и во репрезентацијаТим или клубДржаваОдДоРезултатиЗабелешкиНатпревариПобедиНерешениПоразиПостигнати головиПримени головиГол разликаПобеди во процентиСрбија до 21 година1 Јули 200630 Јуни 2007Партизан9 Јануари 200719 Декември 2007Србија19 Декември 200719 Август 2008Мускрон11 Јуни 200931 Октомври 2009Херкулес24 Март 201123 Јуни 2011Ваљадолид6 Јули 20115 Јуни 2013Валенсија5 Јуни 201316 Декември 2013Кордоба20 Октомври 201416 Март 2015Ал Шабаб23 Јануари 201716 Мај 2017Партизан5 Јуни 20173 Август 2018Спортинг Хихон22 Декември 201921 Јули 2020Вкупно—

Признанија

Натпреварувачки клупски признанија Депортиво

Освоен е кралскиот куп на Шпанија Копа дел Реј: 1994–95 Освоен е Суперкупот на Шпанија: 1995 година

Валенсија

Освоена е Ла Лига: 2001–02 Освоен е кралскиот куп на Шпанаија Копа дел Реј: 1998-99 Освоен е Суперкупот на Шпанија: 1999 година Победници во Куп на УЕФА Интертото: 1998 година Второпласирани или Вицешампиони на УЕФА Лигата на шампионите: 1999–2000, 2000–01

Тренерски признанија Србија У21

Второпласирани или Вицешампион на УЕФА Европско првенство во фудбал за играчи до 21 година: 2007 година

Ваљадолид

Настапување во Плеј-оф Сегунда дивизион: 2012 година

Партизан

Освоен е Купот на Србија: 2017–18

Поединечни признанија

Српски тренер на годината: 2007

Наводи

Надворешни врски Архива на Депортиво Статистика и био на CiberChe (на шпански)

Категорија:Тренери на ФК Валенсија Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1966 година