„Ние не сме ангели“ (српски: Ми нисмо анђели) е српски филм од 1992 година од жанрот комедија. Тој е е првиот филм од истоимената трилогија. Според продажбата од повеќе од милион билети за кино, тој е еден од најуспешните филмови во Србија, веднаш по Зона Замфирова, и се смета за култен филм. Режисерот и сценаристот Срѓан Драгоевиќ дебитирал со овој филм и истовремено со него се прославил.
Синопсис Никола, 20-годишен студент по книжевност, има два проблеми: редовна утринска амнезија придружена со мамурлак и будење во креветите на непознати девојки. проблемите започнуваат кога бременоста и љубовта се мешаат во неговиот живот. Имено, матурантката Марина, една од многуте „еднократни“ авантури на Никола, забременила и се заљубила во него. За жал, Никола не се сеќава добро на сите околности. Најдобрата пријателка на Марина решава да ги земе работите во свои раце. Бидејќи Марина одбива да ја прекине бременоста, таа планира преку луди стратегии засновани на нејзините омилени романи со среќен крај, така што „суровиот љубовник“ Никола ќе се заљуби во Марина...РТС, Ми нисмо анђели (пристапено на 1.11.2022)
Улоги +ГлумецУлогаНикола КојоНиколаМилена ПавловиќМаринаБранка КатиќБубаСрѓан ТодоровиќЃаволУрош ЃуриќАнгелСоња СавиќМартаНикола ПејаковиќтаксистЗоран ЦвијановиќЃураБата КамениБрлеМики МанојловиќМиланБојан ЖировиќРацаБогдан ДиклиќПавлеСтанислава ПешиќОлгаЕва РасБаба СераВесна ТривалиќВиолетаСлободан НинковиќЦанеВојка ЧодриќВишњаДраган МаксимовиќхипикБранко ВидаковиќШиљанНаташа ЛучанинЈулијана ВладиќРатко ТанкосиќСмрдаТатјана ПујинЛидијаГоран ДаничиќРадош „Џони“Дејан Матиќполицаец
Интересни факти Ликот на ангелот требало да го игра Драган Бјелогрлиќ, но тој одбил и улогата му припаднала на уметникот Урош Ѓуриќ.
Културно добро Југословенската кинотека на 28 декември 2016 година, согласно своите овластувања според Законот за културно наследство, прогласил сто српски играни филмови (1911-1999) за културно богатство од големо значење. На списокот се наоѓа и филмот „Ние не сме ангели“.
Надворешни врски Ние не сме ангели на веб-страницата IMDb (јазик: англиски) Ние не сме ангели на www.filmovi.com Ние не сме ангели на www.filmovi.de
Наводи
Категорија:Филмски продолженија Категорија:Филмски комедии Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови од 1992 година Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на Срѓан Драгојевиќ Категорија:Филмови со Никола Којо Категорија:Филмови со Урош Ѓуриќ Категорија:Филмови со Ева Рас Категорија:Филмови со Станислава Пешиќ Категорија:Филмови со Богдан Диклиќ Категорија:Филмови со Соња Савиќ Категорија:Филмови со Весна Тривалиќ Категорија:Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија:Филмови со Слободан Нинковиќ Категорија:Филмови со Милена Павловиќ Категорија:Филмови со Бранка Катиќ Категорија:Филмови со Срѓан Тодоровиќ Категорија:Филмови со Никола Пејаковиќ Категорија:Филмови со Зоран Цвијановиќ