мини|Јевтовиќ во натпреварот на Динамо Киев против Партизан во 2017 година Марко Јевтовиќ (роден на 24 јули 1993 година) е српски професионален фудбалер кој настапува како играч од средниот ред.

Клупска кариера

Почетна кариера Марко Јевтовиќ започнал да игра во вреднуваните младински редови на екипата на Земун. На 18-годишна возраст тој се приклучил на составот на Динамо Москва, откако одиграл дел од сезоната 2010/2011 за екипата на Срем од Јаково. По краток претстој во главниот град на Русија, тој се вратил во Србија, во Сопот. На 19 години потпишал за составот на Хајдук од Кула. Поради доста тешките финансиски проблеми, клубот, кој се истакнувал во последните фази од сезоната 2012/2013 во Суперлигата, престанал да постои.

Нови Пазар Поради тоа Јевтовиќ морал повторно да се пресели, па заминал во екипата на Нови Пазар. Првиот официјален натпревар за клубот на Нови Пазар го имал на 17 август 2013 година, против составот на Рад. Во сезоната 2013/14 одиграл вкупно 18 натпревари (17 во Српската Суперлига и 1 во Купот на Србија), но не постигнал ниту еден гол. На 29 септември 2014 година, Марко го постигнал својот прв гол за екипата на Нови Пазар и тоа против клубот на Јагодина во победата од 3:0 на домашен терен.Jevtović ukrasio slavlje at fknovipazar.rs, 29-9-2014 Тоа бил и најубавиот гол во сезоната 2014/15 во Српската Суперлига.NOVOPAZARSKI RONALDO: Pogledajte gol kola, možda i polusezone u srpskom fudbalu! (VIDEO) at telegraf.rs, 30-9-2014 На 4 април 2015 година, тој постигнал гол од пенал против екипата на Црвена ѕвезда од Белград во победата на домашен терен со 2:1.Zvezdin crni pazar: Umesto bodova crveno-beli brojali promašaje i prvi put izgubili od Plavih! (VIDEO) at mozzartsport.com, 4-4-2015 Во 28то коло од Српската Суперлига, на 13 мај 2015 година, тој постигнал гол од пенал против екипата на Вождовац. Сезоната 2014/15, за екипата на Нови Пазар, одиграл 28 натпревари и постигнал 3 гола.

Партизан

Сезона 2015-16 Јевтовиќ на 3 јуни 2015 година потпишал четиригодишен договор со екипата на Партизан. Нему му бил доделен дресот со број 21, кој претходно го носел Саша Марковиќ кој настапувал на истата позиција на која настапува Јевтовиќ. Стилот на игра на Јевтовиќ потсетувал на поранешниот играч на Партизан, Радосав Петровиќ и многумина го споредувале со него. Својот прв официјален натпревар за составот на Партизан го имал на 14 јули 2015 година, против клубот на Дила Гори во првиот натпревар од второто коло за квалификациите од Лигата на шампионите на УЕФА. Јевтовиќ својот прв натпревар во лигата го имал на 17 јули 2015 година против составот на Металац во победата од 4:0 на домашен терен. Го постигнал израмнувачкиот гол против екипата на Стеауа од Букурешт во квалификациите за третото коло за Лигата на шампионите на УЕФА во победата на домашен терен со резултат од 4:2. Јевтовиќ бил исклучен на 18 август 2015 година во судиското надополнување на првото полувреме на Борисов Арената,во плеј-оф натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против домашниот состав на БАТЕ од Борисов. Тој одиграл пет натпревари во групната фаза на УЕФА Лига Европа 2015-16, и тоа против екипите на Атлетик Билбао, АЗ Алкмар и Аугсбург. Марко ги одиграл најголемиот дел од натпреварите за неговиот тим во првиот дел од сезоната 2015-16, но во вториот дел од сезоната под водство на новоименуваниот тренер, Иван Томиќ, натпреварите ги минал на клупата. Јевтовиќ му помогнал на тимот на Партизан да го освои Купот на Србија 2015-16.

Сезона 2016-17 На почетокот на сезоната 2016-17, тој не бил запишан во протоколот на неколку натпревари. Јевтовиќ го одиграл својот прв натпревар во новата сезона дури на 11 септември кога асистирал во победата со 2:0 на гостински терен во лигата над екипата на Борац од Чачак. Ги одиграл најголемиот дел од натпреварите на неговиот тим во првиот дел од сезоната 2016-17. На 13 април, Јевтовиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Партизан во Суперлигата, во победата со 3:1 на гостински терен, над неговиот поранешен клуб, екипата на Нови Пазар. На 21 мај, го постигнал својот втор гол во сезоната, во победата од 5:0 на домашен терен над составот на Младост од Лучани. Тој му помогнал на клубот Партизан да ја освои 27-та титула.

Репрезентација Јевтовиќ бил повикан во јануари 2017 година од страна на селекторот Славољуб Муслин во репрезентацијата на Србија. На 29 јануари 2017 година, Јевтовиќ го одиграл својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија во пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Натпреварот завршил со резултат од 0:0 и тоа на гостински терен во градот Сан Диего. Во месец мај 2018 година, Јевтовиќ бил изоставен од 23-члениот тим на Србија за Светското првенство во 2018 во Русија.

Приватен живот Постариот брат на Марко, Лука, е новинар и специјалист за фудбалска анализа, кој работи за Радио телевизија на Србија.

Признанија

Партизан Освоена е Српската Суперлига: 2016–17 Освоен е Купот на Србија: 2015–16, 2016–17, 2017–18

Наводи

Надворешни врски

Марко Јевтовиќ Статистика на utakmica.rs

Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година