мини|Марко Јовановиќ во 2011 година Марко Јовановиќ (роден на 26 март 1988 година) бил српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата како како централен бек. Моментално настапува за босанскиот прволигаш Борац од Бања Лука.
Клупска кариера
Партизан Марко Јовановиќ својот прв професионален договор го потпишал на 23 јули 2007 година со клубот на Партизан, заедно со соиграчот Бранислав Станиќ. Јовановиќ својот прв официјален натпревар за клубот на Партизан го имал на 26 септември 2007 година во натпреварот од Купот на Србија против екипата на Рад. Овој натпревар завршил со победа од 4:1 на домашен терен за составот на Партизан. Поради Летните олимписки игри, Јовановиќ пропуштил неколку натпревари на почетокот на сезоната 2008–09.
Сезона 2008-09 На 23 октомври 2008 година, тој го одиграл својот прв натпревар за Партизан во европските натпреварувања против екипата на Сампдорија во првото коло од групната фаза на Купот на УЕФА 2008-09. Марко бил стартер и против екипата на Севиља на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ во поразот на неговиот тим со резултат од 3:0. Во текот на сезоната 2008–09, Јовановиќ одиграл 19 натпревари за составот на Партизан, 16 во лигата и 3 во Купот на УЕФА.
Сезона 2009-10 Во сезоната 2009-10 на 3 декември 2009 година Јовановиќ бил стартер во натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа против екипата на Тулуз. Исто така бил во стартниот состав во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Европа во победата на неговиот тим од 1:0 против клубот на Шахтјор од Доњецк. На 27 март 2010 година, Јовановиќ постигнал гол во последната минута од натпреварот против составот на БСК Борча во победата на неговиот тим со резултат од 1:2. Во вториот дел од сезоната 2009-10, Јовановиќ бил следен од екипата на Монако. Во втората половина од сезоната 2009–10 во српската Суперлига, Марко ја минал во составот на Партизан секоја минута од натпреварите.
Сезона 2010-11 На 24 август 2010 година, Јовановиќ и неговиот тим влегле во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА победувајќи го составот на Андерлехт. Тој ги одиграл сите шест натпревари за екипата на Партизан во квалификациите за Лигата на шампионите. На 28 септември 2010 година, против екипат на Арсенал, Јовановиќ во казнениот простор го фаулирал противничкиот играч Маруан Шамак и добил директен црвен картон, но голманот Владимир Стојковиќ го одбранил пеналот. До крајот на сезоната 2010-11 заедно со составот на Партизан Јовановиќ го освоил Купот на Србија и титулата за национален шампион.
Висла Краков десно|мини| Јовановиќ влегува во игра на натпреварот против екипата наЛитекс Ловеч во 2011 година. На 12 јули 2011 година, Јовановиќ му пристапил на полскиот шампион од Екстракласа Висла Краков со потпишан петгодишен договор за непозната сума на пари од страна на тимот на Партизан. Својот прв натпревар за екипата на Висла го имал на 9 септември 2011 година, против составот на Лех од Познањ во победата на гостински терен од 0:1. На 3 ноември 2011 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар во Лигата Европа за составот на Висла против екипата на Фулам на стадионот на Крејвен Котиџ. Влегол во игра во 88 минута како замена за соиграчот Дуду Битон. На 14 декември 2011 година, тој одиграл цел натпревар против клубот на Твенте, во 6-тиот натпревар од групната фаза на УЕФА Лига Европа за сезоната 2011–12. По драматичниот крај од натпреварот, екипата на Висла се квалификувала во осминафиналето. Во осминафиналето, Јовановиќ ги одиграл двата натпревари против составот на Стандард од Лиеж. Екипата на Висла не поминала понатаму во натпреварувањето, бидејќи составот на Стандард победил со голови постинати на гостински терен. Во текот на сезоната 2011–12, тој одиграл 27 натпревари во сите рангови на натпреварувања.
На 24 јануари 2015 година, Јовановиќ бил ослободен од активностите во клубот.
Вождовац На 24 август 2015 година, Марко Јовановиќ му се приклучил на тимот на Вождовац со потпишан едногодишен договор. Својот прв натпревар за екипата на Вождовац го имал на 13 септември 2015 година, против клубот на Јавор од Ивањица. Во текот на првиот дел од сезоната 2015-16, Јовановиќ одиграл 12 натпревари во сите натпреварувања.
Враќање во Партизан На 23 декември 2015 година, тој потпишал договор со важност од 2 години и половина со екипата на Партизан, враќајќи се во својот поранешен тим. На 21 февруари 2016 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар против составот на ОФК Белград. На 11 мај 2016 година, постигнал гол во финалето на Купот на Србија 2015-16 против екипата на Јавор од Ивањица во победата од 2:0.
АЕЛ На 24 август 2017 година, Јовановиќ потпишал двегодишен договор со Суперлигашкиот грчки клуб АЕЛ за непозната сума на пари. Тој, во јуни 2018 година го напуштил составот на АЕЛ по само една сезона.
Враќање во Вождовац Во сезоната 2018-19 во српската Суперлига, Јовановиќ настапувал за екипата на Вождовац. Тој бил редовен во клубот во таа сезона, во која одиграл 30 првенствени натпревари и постигнал 1 лигашки гол.
Борац Бања Лука На 30 јуни 2019 година, Јовановиќ потпишал едногодишен договор со босанскиот прволигаш Борац од Бања Лука. Својот прв официјален натпревар за екипата на Борац го имал на 20 јули 2019 година, во нерешениот натпревар од 0:0 на гостински терен во лигата против клубот на Железничар. Јовановиќ својот прв гол за екипата на Борац го постигнал на 29 септември 2019 година по победата од 3:1 против клубот на Вележ од Мостар. На 29 ноември 2019 година, Јовановиќ го продолжил договорот со екипата на Борац до јуни 2023 година Марко својот прв трофеј со клубот го освоил на 23 мај 2021 година. Тоа била титулата за шампион во босанската Премиер лига. Титулата била освоена на еден натпревар пред крајот на сезоната 2020-21.
Репрезентација Својот прв натпревар за репрезентацијата на Србија до 21 година Јовановиќ го имал на 21 август 2007 година во пријателскиот натпревар против селекцијата на Молдавија.
Тој бил вклучен во српскиот тим за Олимписките игри во Пекинг 2008 играјќи на сите три натпревари во групната фаза против репрезентациите на Австралија, Брегот на Слоновата Коска и Аргентина. Репрезентацијата во групната фаза го освоила 4то место во својата група.
Тој исто така бил член на селекцијата на Србија до 21 година која учествувала на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2009 година во Шведска.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
КлубСезонаЛигаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиТелеоптик2005–06Српска Лига Белград28000——2802006–07Српска Лига Белград26100——261Вкупно54100——541Партизан2007–08Српска Суперлига903000—1202008–09Српска Суперлига1603030—2202009–10Српска Суперлига1712020—2112010–11Српска Суперлига18040100—320Вкупно601120150—871Висла од Краков2011–12Екстракласа лига14020100—2602012–13Екстракласа лига1605000—2102013–14Екстракласа лига1702000—1902014–15Екстракласа лига000000—00Вкупно47090100—660Вождовац2015–16Српска Суперлига1101000—120Партизан2015–16Српска Суперлига1204100—161Бнеи Јехуда2016–17Израелска Премиер Лига252300010292АЕЛ2017–18Супер Лига на Грција11060——170Вождовац2018–19Српска Суперлига30110——321Борац од Бања Лука2019–20Босанска Премиер Лига20210——2122020–21Босанска Премиер Лига1700000—1702021–22Босанска Премиер Лига1310040—171Вкупно5031040—553Вкупно во кариерата3008371290103689
Признанија Партизан
Освоена е Српската Суперлига: 2007–08, 2008–09, 2009–10, 2010–11 Освоен е Купот на Србија: 2007–08, 2008–09, 2010–11, 2015–16
Бнеи Јехуда
Освоен е Државниот куп на Израел: 2016–17
Борац Бања Лука
Освоена е Босанската Премиер лига: 2020–21
Наводи
Надворешни врски
Марко Јовановиќ во Србијафудбал
Категорија:Фудбалери на ФК Висла Краков Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година