мини|Јовановиќ во тимот на Ливерпул во 2010 година Милан Јовановиќ (роден на 18 април 1981 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позициите како напаѓач.

Тој ја започнал својата кариера со екипата на ФК Војводина, но имал и кратки периоди поминати во клубовите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва. Подоцна тој се приклучил на екипата на Стандард од Лиеж, каде што бил прогласен во 2008 година за играч на годината во белгиската Про лига. Наредната година ја освоил белгиска Златна копачка. Во 2010 – 11 тој ја минал сезоната во екипата на Ливерпул. По период минат во екипата на Ливерпул се вратил во Белгија и остатокот од својата кариера ја минал во клубот на Андерлехт.

Јовановиќ за српската репрезентација одиграл вкупно 44 натпревари. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал во 2007 година. За својата селекција постигнал 11 голови. Тренерот Радомир Антиќ создал одличен крилен тандем составен од Милан Јовановиќ и Милош Красиќ. Овој двоец бил запомнат како најдоброто партнерско крило во модерната историја на српската репрезентација. Јовановиќ ја претставувал Србија на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Често го нарекувале според неговиот прекар Лане.

Почетните години Милан бил син на Стаменко и Гордана. Роден е и израснат во местото Бајина Башта. Подоцна во потрага по фудбалската кариера се преселил да живее во Ваљево, Нови Сад и Белград. Настапувал во младинските екипи на ФК Космос од Бајина Башта и ФК Будуќност од Ваљево.

Клупска кариера

Почетоци на кариерата Јовановиќ својот прв натпревар за екипата на ФК Војводина го имал во сезоната 1999-2000. По Војводина настапувал во екипите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва, пред да пристигне во редовите на екипата на Стандард од Лиеж во 2006 година.

Стандард Лиеж Во составот на Стандард од Лиеж, Јовановиќ брзо станал миленик на навивачите. Во својата прва сезона постигнал 14 гола и веднаш го добил прекарот „змија“ поради неговото брзо движење и брзи реакции. Следеле уште две многу успешни сезони во Белгија, при што Јовановиќ одбил трансфер во 2009 година во шпанскиот гигант Реал од Мадрид. Не сакал да замине бидејќи не бил сигурен дека ќе игра редовно во новиот клуб. Јовановиќ имал огромни успеси во Белгија и на 13 јануари 2010 година бил прогласен за играч на годината во Јупилер лигата. Сепак, една година подоцна, кога составот на Стандард од Лиеж ја завршил сезоната на 8-та позиција, Јовановиќ успеал да постигне 10 гола. Оваа сезона била последна како играч во белгиската лига.

Ливерпул Милан Јовановиќ на 8 јули 2010 година му се приклучил на англискиот премиерлигаш Ливерпул на слободен трансфер. Постоеле шпекулации дека ќе бил откажан преддоговорот што го потпишал, откако менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез поднел оставка во јуни 2010 година. Рафаел Бенитез објавил дека тој сака да го доведе играчот во неговиот нов клуб во составот на Интер. Сепак Јовановиќ ја потврдил својата намера да го испочитува неговиот договор во составот на Ливерпул. Во новиот клуб го добил дресот со број 14.

На 29 јули 2010 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар за составот на Ливерпул додека тренер бил Рој Хоџсон. Тоа бил натпреварот против екипата на ФК Работнички во Лига Европа. Натпреварот завршил со резултат од 2:0. Својот прв натпревар за новиот клуб на домашен терен го имал против истиот противник во возвратниот натпревар. Првиот натпревар во Премиер лигата го имал на 15 август 2010 година, против составот на Арсенал во нерешениот натпревар од 1:1 на стадионот Енфилд. Својот прв гол за Ливерпул го постигнал на 22 септември, на стадионот Енфилд во Лига Купот против тимот од Втората лига, составот на Нортхемптон Таун. Откако Кени Далглиш ја презел функцијата тренер на Ливерпул на почетокот на 2011 година, Јовановиќ ретко бил повикуван во составот. Понекогаш дури не бил ниту на клупата за резервни играчи.

Андерлехт Во август 2011 година, Јовановиќ се преселил во белгискиот клуб Андерлехт, потпишувајќи двегодишен договор. На 17 март 2013 година Јовановиќ постигнал прекрасен гол против составот на КАА Гент. Тоа бил силен удар од околу 20 метри оддалеченост. Топката завршила во горниот десен агол од голот. За целиот свој претстој во екипата на Андерлехт, тој постигнал 23 гола на 69 првенствени натпревари. Во летото 2013 година Јовановиќ не го продолжил договорот со екипата на Андерлехт. Тоа лето се вратил во Србија и тренирал во Нови Сад. Новинарите започнале да шпекулираат за премин на Босман во екипата на ФК Војводина. Сепак, по заминувањето од екипата на Андерлехт, тој не потпишал договор со составот на Војводина и останал надвор од очите на јавноста поврзани со професионалниот фудбал.

Репрезентација Милан Јовановиќ својот прв натпревар за српската репрезентација го имал на 2 јуни 2007 година против селекцијата на Финска. Србија тој натпревар го добила со резултат од 2:0, а Јовановиќ го постигнал вториот гол за својата репрезентација. Милан Јовановиќ бил најдобар стрелец за составот на Србија во квалификациите за Светското првенство на ФИФА за 2010 година. На 21 мај 2010 година, тој бил вклучен од страна на тренерот Радомир Антиќ во почетниот тим од 23 играчи на репрезентацијата на Србија за Светското првенство на ФИФА 2010 година. На 18 јуни 2010 година, Јовановиќ го постигнал својот прв гол на Светското првенство на ФИФА, против репрезентацијата на Германија, во натпревар од групата Д, кој Србија го добила со резултат од 1:0. На истиот натпревар, Јовановиќ наводно имал хумористична размена на зборови со играчот Марко Марин, кој бил со потекло од Босна и Херцеговина. Имено Марин признал дека кога го заменил соиграчот Томас Милер во 70 минута, Јовановиќ на шега му дофрлил да „трча поспоро“ за да на тој начин и овозможи на селекцијата на Србија да го сочува водството од 1:0.

Популарни коментари Во октомври 2011 година, Јовановиќ бил споменат во австралиската серија „ Соседи“, каде Ендрју Робинсон го опишал како „еден од најголемите фудбалери на светот“. Неколку коментатори кои се занимавале со фудбалската проблематика од англиско говорно подрачје изразиле изненадување од таа изјава.

Приватен живот Милан Јовановиќ бил оженет со Наташа и со неа имале три деца Лазар, Душан и Милош.

Статистика во кариерата

Клупска статистика +Одиграни натпревари за различни клубови и постинати голови во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариЛига купКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиШахтјор од Доњецк2002–03Украинска Премиер Лига6110—0000712003–04Украинска Премиер Лига0021—000021Вкупно6131—000092Локомотив од Москва2004Руска Премиер Лига3010—0000402005Руска Премиер Лига0000—000000Вкупно3010—000040Стандард од Лиеж2006–07Белгиска Прва Дивизија291469—410039242007–08Белгиска Прва Дивизија311642—100036182008–09Белгиска Прва Дивизија301200—822040142009–10Белгиска Прва Дивизија261000—113103813Вкупно116521011—2463015369Ливерпул2010–11Премиер Лига10000117100182Андрелехт2011–12Белгиска Про Лига35900—930044122012–13Белгиска Про Лига33852—72104612Вкупно681752—165109024Вкупно во кариерата2037019151147124027498

Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Натпревари Голови Србија 2007 година 6 1 2008 година 5 3 2009 година 12 5 2010 година 10 1 2011 година 9 1 2012 година 2 0 Вкупно 44 11

Список на оценки и резултати. Најпрво е бројот на голови на репрезенатцијата на Србија, а колоната 2 резултатот по секој гол постигнат на Јовановиќ за својата репрезентација.

+Бр.ДатумМестоПротивникРезултатРезултатНатпревар12 јуни 2007Хелсинки олимписки стадион, Хелсинки, ФинскаФинска2:02:0квалификации за Европско првенство 2008 215 октомври 2008Ернст Хапел стадион, Виена, АвстријаАвстрија2:03:1квалификации за Светски Куп 2010319 ноември 2008Стадион на ФК Партизан, Белград, СрбијаБугарија1:06:1пријателски натпревар419 ноември 2008Стадион на ФК Партизан, Белград, СрбијаБугарија2:16:1пријателски натпревар510 февруари 2009ГСП стадион, Никозија, КипарКипар1:02:0пријателски натпревар628 март 2009Стадион Фарул, Констанца, РоманијаРоманија1:03:2квалификации за Светски Куп 2010710 јуни 2009Торсволур, Торшавн, Фарски ОстровиФарски Острови1:02:0квалификации за Светски Куп 2010810 октомври 2009Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, СрбијаРоманија4:05:0квалификации за Светски Куп 20109 10 октомври 2009Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, СрбијаРоманија5:05:0квалификации за Светски Куп 20101018 јуни 2010Нелсон Мендела Беј стадион, Порт Елизабет, Јужна Африка Германија1:0 1:0ФИФА Светски Куп 2010116 септември 2011Стадион на ФК Партизан, Белград, СрбијаФарски Острови1:03:1квалификации за Европско првенство 2012

Признанија Шахтјор Доњецк

Освоен е Купот на Украина: 2003–04

Локомотив Москва

Освоена е Руската Премиер лига: 2004 година

Стандард Лиеж

Освоена е Белгиската прва дивизија: 2007–08, 2008–09 Освоен е Белгискиот Суперкуп: 2008, 2009 година

Андерлехт

Освоена е Белгиска професионална лига: 2011–12, 2012–13 Освоен е Белгискиот Суперкуп: 2012 година

Поединечни признанија

Прогласен е за Белгиски фудбалер на годината: 2007–08 Добитник на Белгиската златна копачка: 2009 година

Наводи

Надворешни врски Профил на играчот LFChistory.net

Профил на Премиер лигата

Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1981 година