мини|Бракочевиќ во 2018 година Јована Бракочевиќ (родена на 5 март 1988 година) е професионална српска одбојкарка, била членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила сребрениот медал на Летните олимписки игри во 2016 година, а исто така и сребрениот медал на Европското првенство 2007 година во Белгија и Луксембург. Таму била прогласена за најдобар подавач на турнирот. Јована била и членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која го освоила златниот медал на Европското првенство во Србија и Италија во 2011 година. На тоа првенство била избрана за МВП на турнирот.
Кариера Јована настапувала за селекцијата на Србија на Летните олимписки игри 2008, 2012 и 2016 година. Во 2016 година на летните олимписки игри во Рио го освоила сребрениот медал.
Во сезоната 2010/2011 настапувала за екипата на Гуангжу Евергранд во 361° кинеската женска одбојкарска лига.
Во јуни 2011 година, екипата на ЈТ Марвелоус објави дека ќе се приклучи за идната сезона.
Јована го освоила златниот медал и наградите МВП и за најдобар напаѓач во натпреварите од Европската лига 2011 година.
Бракочевиќ го освоила златниот медал на Светското клупско првенство во 2013 година и наградата за најкорисен играч играјќи со клубот на Вакифбанк од Истанбул.
Клубови
Поштар 064 од Белград (2004–2007) Спес Волеј Конеглиано (2007–2010) Гуангдонг Евергранде (2010–2011) ЈТ Марвелоус (2011–2012) Вакифбанк Истанбул (2012–2014) Азерјол Баку (2014–2015) Лиу Јо Нордмеканика Модена (2016–2017) AАлтај ВЦ (2017) ЦСМ Букурешт (2018) Будовлани Лоѓ (2018–2019) АГИЛ Волеј (2019–2020) КПС Хемик Полис (2020–)
Награди
Поединечни награди мини|Бракочевиќ игра за Грот Будовлани Лоѓ во 2018 година
Европско првенство 2007 „Најдобар подавач“ 2007 година Најдобра спортистка на Војводина 2010 Европската лига „Најдобар напаѓач“ 2010–11 Кинеска одбојкарска лига „Најкорисен играч“ Европска лига 2011 „Најкорисен играч“ Европската лига 2011 „Најдобар напаѓач“ Светско ГП 2011 „Најдобар поентер“ Европско првенство 2011 „Најкорисен играч“ 2011 година „Најдобра спортистка“ од Олимпискиот комитет на Србија 2011 година Најдобра спортистка на Војводина 2012–13 ЦЕВ Лигата на шампионите „Најкорисен играч“ Финална серија на турската лига 2012-13 „Најдобар поентер“ Светско Гран При 2013 „Најдобар одбранбен играч“ Светско клупско првенство на ФИВБ 2013 „Најкорисен играч“ Најдобар напаѓач на Европското првенство ЦЕВ 2013
Клубови
2010-11 Кинеска прва лига - финалисти со екипата на Гуангжу Евергранде 2012-13 Освоен е Турскиот куп - со екипата на Вакифбанк Спор Клуб 2012–13 ЦЕВ Освоена е шампионската лига- со екипата на Вакифбанк Спор Клуб 2012-13 освоен е турската одбојкарска лига - со екипат на Вакифбанк Спор Клуб 2013 Светски клупски шампион - со екипата на Вакифбанк Истанбул 2018 освоена е првта романска лига - со екипата на ЦСМ од Букурешт 2018-19 финалист со екипата на Будовлани од Лоѓ 2020-21 освоен е полскиот куп со екипата на КПС Хемик Полис
Наводи
Надворешни врски
Глас јавности: Бунтовница со разлогом , интервју со Бракочевиќ, 30 април 2006 година (на српски)
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Српски одбојкарки