thumb|десно|250п|Филип Младеновиќ Филип Младеновиќ (роден на 15 август 1991 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позицијата како лев бек. Моментално настапува за екипата на Легија од Варшава. Младеновиќ за српската репрезентација прв пат настапил во 2012 година. Клупска кариера

Борац од Чачак Младеновиќ станал член на сениорскиот тим на Борац во сезоната 2010-11. Одиграл 18 лигашки натпревари во таа сезона. Во клубот настапувал на позицијата како лев бек.

Црвена ѕвезда од Белград Младеновиќ на 17 декември 2011 година, потпишал четиригодишен договор за екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во текот на летото 2013 година, екипата на Црвена ѕвезда учествувала на Уренкупот во Швајцарија, каде што го загубиле финалниот натпревар од составот на ФК Базел со резултат 2:1. Младеновиќ постигнал гол за екипата на Црвена ѕвезда и бил прогласен за најдобар играч на натпреварот, за што требало да добие часовник како награда, но го одбил поради разочарување од поразот. До крајот на 2013 година, финансиската состојба на Црвена ѕвезда станала многу нестабилна. Играчите и персоналот не добивале плата или ја добивале со неколку месеци задоцнување. И покрај неговите чести погодоци, сепак Младеновиќ настапувал главно како лев бек под водство на тренерот Рикардо Са Пинто. Тој во една можност рекол дека стилот на игра на Младеновиќ многу го потсетувало на играчот Фабио Коентрао. Егзодусот на играчи започнал веднаш откако тренерот Са Пинто на емотивна прес-конференција објавил дека повеќе не можел да работи во екипата на Црвена ѕвезда поради нестабилноста во администрацијата на тимот. На 5 октомври 2013 година, Младеновиќ поднел барање за раскинување на договорот со екипата на Црвена ѕвезда. Арбитражниот комитет во ФСС (фудбалски сојуз на Србија) на 23 ноември донел одлука во корист на Младеновиќ давајќи му статус на слободен играч. По пресудата за Младеновиќ и соиграчот Марко Вешовиќ, како и тренерот Славиша Стојановиќ биле тргнати од првиот тим, односно побарале да си заминат, но законски сè уште биле членови на екипата на Црвена ѕвезда до зимскиот преоден рок на сезоната 2013-14.

БАТЕ од Борисов На 23 февруари 2014 година, српскиот информативен портал Б92 објавил дека Младеновиќ потпишал договор за белорускиот тим БАТЕ од Борисов за времетраење од 3 години. Својот прв натпревар за екипата на БАТЕ го имал на финалето на Суперкупот на Белорусија во 2014 година против составот на ФК Минск. На истиот натпревар Младеновиќ постигнал гол. На 29 септември 2015 година, Младеновиќ постигнал два гола за екипата на БАТЕ во групата Е на УЕФА за Лигата на шампионите 2015–16 против составот на Рома. The Guardian: Belarusians Bate Borisov survive Roma fightback to claim famous win. September 29, 2015. Retrieved November 11, 2015. Благодарение на неговата пробивна игра, Младеновиќ на 1 октомври 2015 година се нашол на списокот на „Тимот на неделата“ во Лигата на шампионите на УЕФА. Подоцна истиот месец, било објавено дека екипата на Милан покажал интерес за нивниот тренер Синиша Михајловиќ кој го познавал Младеновиќ од српската репрезентација.

1. ФК Келн На 5 јануари 2016 година, Младеновиќ потпишал договор на три и пол години со екипата на 1. ФК Келн.

Репрезентација Младеновиќ својот прв натпревар за фудбалската репрезентација на Србија го одиграл на 31 мај 2012 година под раководство на тренерот Синиша Михајловиќ во поразот од репрезентацијата на Франција со резултат од 2:0. Vecernje Novosti (Serbian): Mladenović: Ovo mi je najlepši deo života

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Натпревари и постигнати голови за различни клубови во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиБорац од Чачак2010–11Суперлига18000——1802011–1213020——150Вкупно31020——330Црвена ѕвезда од Белград2011–12Суперлига12230——1522012–132603061—3512013–14402040—100Вкупно42280101—603ФК Бате Борисов2014Премиер Лига26270801142320152122012210364Вкупно47490202217871. ФК Келн2015–16Бундеслига14000——1402016–172000——20Вкупно16000——160Стандард од Лиеж2016–17Прва Дивизија А5000——502017–180000——00Вкупно5000——50Легија од Гдањск2017–18Екстракласа лига140———1402018–1935360——4132019–20250302010310Вкупно743902010863Легија од Варшава2020–21Екстракласа лига2973140—368Вкупно во кариерата244163113633131321

Меѓународна (репрезентативна) статистика

Србија ГодинаНатпревари Голови 2012 година 1 0 2013 година 0 0 2014 година 0 0 2015 година 0 0 2016 година 5 0 2017 година 0 0 2018 година 0 0 2019 година 4 0 2020 година 5 1 2021 година 3 0 Вкупно 18 1

Меѓународни (репрезентативни) голови

Резултатите 1 се постигнати голови на играчот и резултатите 2 го наведуваат бројот на голови на репрезентацијата на Србија.

Бр. Дата Место на одржување Настапи Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 18 ноември 2020 година Стадион Рајко Митиќ, Белград, Србија 15 5 – 0 5–0 2020–21 УЕФА Лига на нации Б

Признанија

Клупски признанија

Црвена ѕвезда

Освоен е Купот на Србија: 2011–12

ФК БАТЕ од Борисов

Освоена е Белоруската Премиер лига (2): 2014, 2015 година; Освоен е Белорускиот куп: 2014–15 Освоен е Белоруски Суперкуп (2): 2014, 2015 година

Легија Гдањск

Освоен е Полскиот куп: 2019 година Освоен е Полскиот Суперкуп: 2019 година

Легија Варшава

Освоена е лигата Екстракласа: 2020–21

Поединечни признанија

Член на тимот на сезоната во српската Суперлига: 2011–12 Екстракласа играч на сезоната: 2020–21 Екстракласа одбранбен играч на сезоната: 2020–21

Наводи

Надворешни врски Филип Младеновиќ на Utakmica.rs

Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година